Превентивни мерки заради високите температури

Скопје, 14 септември 2011 (МИА) - На предлог на Комисијата при Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотни бранови, а со цел заштита на населението, посебно на ризичните групи, Владата на Република Македонија им препорачува на образовните установи, денеска и утре да преземат активности за овозможување скратена настава за учениците до 12:00 часот.

На воспитно-образовните установи (градинки) им се препорачува да не практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 16 часот.
 
На работодавците им се препорачува во следните два дена да ги ослободат од работни обврски бремените жени и лицата над 60-годишна возраст, како и избегнување работа на отворено во периодот од 11 до 16 часот.
 
На населението му се препорачува да се почитуваат општите мерките за превенција од топлотни бранови и заштита на здравјето, како што се избегнување директна изложеност на сонце, консумација на лесна храна и течности, носење светла и лесна облека, како и редовно земање на предложената терапија од лекар.

Комисијата при Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотни бранови овие препораки ги донесе на седницата одржана синоќа по повод најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи за топлотен бран од втора, односно портокалова фаза, кој ќе ја зафати територијата на цела држава денеска и утре, со температури многу повисоки од вообичаените за овој период, кои во поедини региони ќе достигнат и до 37 степени Целзиусови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...