kapital

Проблемот е ваш, ние можеме само да помогнеме!

Додека во јавноста се погласни се информациите дека до крајот на годината ќе има референдум за прашањето за името, експертската јавност е скептична, тврдејќи дека успешноста на референдумот зависи од неговиот тајминг, а тој не е сега, велат тие. Претседателот Иванов пак, очекува земјата наредната година на Самитот во Чикаго да стане земја-членка на НАТО

Ставот на САД во врска со спорот за името не е променет. Ние ја признаваме Република Македонија под нејзиното уставно име. Но, со оглед на значењето на прашањето го поддржуваме процесот за негово решавање што се води под покровителство на ОН и ќе поддржиме секакво решение до кое ќе дојдат Македонија и Грција. Не е тоа прашање што треба ние да го решиме, тоа е прашање што треба вие да го решите. А ние сме тука да понудиме помош и совет доколку е тоа потребно. Ова го изјави вчера новиот амбасадор на САД во земјава, Пол Волерс, по предавањето на акредитивите кај претседателот Ѓорге Иванов.

Според него, ова е важен период за Македонија, која слави 20 години независност и 10 години од потпишувањето на Рамковниот договор.

“Веруваме дека сега е време луѓето од Македонија заедно со нивните лидери да погледнат напред и да се фокусираат за постигнување на поголем просперитет и безбедност како мултиетничка демократија. Местото на Македонија е во евроатланската заедница“, истакна Волерс.

Претседателот Иванов порача дека Македонија е целосно посветена за брзо решавање на овој спор и тој очекува наредната година земјата да стане полноправна членка на НАТО.

“Ние сме целосно посветени за што поскоро изнаоѓање решение прифатливо за двете страни. Нашите граѓани ги трпат последиците од овој проблем кој Грција го има со нашето име. Но, не сме обесхрабрени, сакаме и веруваме дека до решение може да дојдеме со заемна подготвеност, заемно почитување и со придржување до рамката на разговорите, зададена со резолуциите на ООН. Искрено се надевам дека веќе следната година, на Самитот на Алијансата во Чикаго, Македонија ќе си го заземе местото кое го заслужи, така што на нашето партнерство ќе му даде дополнителна вредност“, рече Иванов.

Иванов и Волерс сметаат дека меѓу Македонија и САД постои вистинско искрено пријателство, добра соработка, која може и натаму да се интензивира и продлабочува.

Експертите скептични за брз референдум

Иако во јавноста веќе се шпекулира дека полека, но сигурно се подготвува теренот до крајот на годината да се одржи референдум за името, експертите се скептични, тврдејќи дека успешноста на референдумот зависи од правиот тајминг, а тој не е сега.

“Одредувањето на датумот за референдум зависи од тоа колку власта сака тој да биде успешен. Во зависност од тоа, така и ќе се центрира датумот. Засега текот на прославата и сите изјави кои беа дадени во однос на името одат во насока дека се подготвува референдум за кој однапред се знае дека нема да биде успешен“, вели поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов.

Поранешниот министер за надворешни работи, Денко Малески, пак, оди дотаму што смета дека дури оваа владејачка гарнитура нема да постигне решение за името.

“Мислам дека оваа политичка гарнитура со последните изјави на премиерот и на претседателот се онеспособи да направи компромис. Проблемот на името до новите избори нема сериозно да се поставува. Власта ќе биде сконцентрирана на други работи и ќе се труди да одолее на притисоците од меѓународната заедница. Со тоа ќе го погодат и расположението на народот, кое оди во прилог на тој тврд став дека името треба да го чуваме“, вели Малески.

Одлуката од референдумот е конечна!

Согласно со уставните одредби, Собранието одлучува за распишување референдум за одделни прашања од својата надлежност со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Одлуката на референдумот е усвоена, ако за неа гласало мнозинството од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од половина од вкупниот број избирачи. Собранието е должно да распише референдум кога предлог ќе поднесат најмалку 150.000 избирачи. Одлуката донесена на референдумот е задолжителна.

Токму затоа, универзитетскиот професорот Јове Кекеновски смета дека во услови кога и опозицијата и албанското гласачко тело се за промена на името, нема потреба од референдум, кој, како што тврди тој, доколку се одржи, само би го поделил народот.

“Добро е да се слушне мислењето на народот, но одговорноста за решавање на спорот со името е кај Владата. Во услови кога и албанското гласачко тело и СДСМ се за промена на името, сметам дека референдумот ќе направи само одвојување на народот. Најголем дел од гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ не е за промена на името, а таква група има и во редовите на СДСМ. А одлуката на референдумот мора да се почитува, со што ние засекогаш ќе го затвориме нашиот пат кон НАТО и ЕУ“, вели Кекеновски.

МАКЕДОНИЈА МОРА ДА ГИ РЕШИ ПРОБЛЕМИТЕ СО КОИ Е СООЧЕНА

Амбасадорот Пол Волерс не смета дека во Македонија има назадување во демократските процеси, но вели дека има прашања на кои мора уште многу да се работи.

“Мислам дека секогаш има прашања со кои мора да се соочите, но има прашања на кои мора уште многу да се работи, како што е владеење на правото, независноста на судството, независноста на медиумите, кои се важни фактори во сите демократии. А Македонија не е различна од другите држави. Македонија мора да ги реши овие проблеми исто како и секоја друга земја. Јас сум тука да помогнам на кој било можен начин и да ве советувам кога тоа е потребно. Тие и други прашања се важни за Македонија и македонскиот народ и Владата треба да ги реши, не за нас, туку за вас. Ние ќе бидеме тука да помогнеме“, рече Волерс.

 

Габриела Делова



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...