Скопје да покаже разумност и сериозност доколку навистина сака да го затвори прашањето за името и односите меѓу двете земји да бидат позитивни, како што посакува Грција.
Ова е ставот што шефот на грчката дипломатија, Ставрос Ламбринидис му го пренел на генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун. Лабринидис на седбата која се одржа на маргините на Генералното собрание во Њујорк, на генералниот секретар на светската организација му ги повторил добро познатите позиции за името.

На новинарско прашање по средбата дали се зборувало за прашањето за името, Ламбринидис вели дека ја искажал грчката подготвеност и сериозност да се најде име со географска одредница за севкупна употреба.
Грчкиот министер објаснил дека имале пријателски и корисен состанок со Ки Мун, на кој разговарале за кризата во Грција и за кипарското прашање.
Некои од грчките медиуми пренесуваат дека Ки Мун му дал поддршка на грчкиот премиер Јоргос Папандреу откако слушнал дека нема да дојде во Њујорк поради тешката криза во земјата. Ки Мун му се јавил на грчкиот амбасадор во Обединетите нации за да му пренесе на Папандреу дека посакува што побрзо да се надминат економските проблеми.