Во Њујорк средба Попоски - Ламбринидис

Скопје, 22 септември 2011 (МИА) - Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски синоќа во Њујорк, на маргините на 66. Генерално собрание на ОН, се сретнал со неговиот грчки колега Ставрос Ламбринидис, соопшти МНР.

Детали од средбата не се соопштени. Попоски, ден претходно имаше средба и со посредникот на ОН во грчко - македонските разговори за името Метју Нимиц, на која уште еднаш ја истакнал подготвеноста на Република Македонија за активно и конструктивно учество во процесот за решавање на прашањето.

Министерот Попоски во Њујорк оствари и повеќе билатерални средби, меѓу кои со шефот на дипломатијата на Унгарија Јанош Мартоњи, со министерот за правда на Нов Зеланд Ендрју Бриџман, како и со генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер.

На средбата со унгарскиот колега Мартоњи, Попоски се заблагодарил за поддршката на Будимпешта за европската и евро-атлантска интеграција на Македонија, а Мартоњи уверил дека Унгарија и понатаму ќе продолжи да и помага на Република Македонија се до полноправното членство во ЕУ и НАТО.

Министерот за правда на Нов Зеланд, Ендрју Бриџман, кој е и шеф на делегацијата, го информираше министерот Попоски за поднесената кандидатура на Нов Зеланд за непостојана членка на Советот за безбедност за 2015-2016 и побара поддршка од Македонија. Во тој контекст двајцата соговорници се заложиле за развој на целокупните билатерални односи помеѓу двете земји.

На средбата со генералниот секретар на ОБСЕ Заниер, министерот Попоски изразил благодарност за активностите на ОБСЕ во Македонија, при што ја реафирмирал заложбата за намалување на персоналот и активностите на мисијата и целосно затварање на теренската канцеларија во Тетово, со што би се рефлектирал прогресот на земјата во рамките на евро-атлантските интеграции.

Шефот на македонската дипломатија остварил средба и со министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн, на која станало збор за заемна поддршка на двете земји за кандидатурите кои ги имаат во рамките на органите и телата на ОН. Попоски се сретнал и со министерот за надворешни работи на Либерија, Тога Гајева Мекинтош.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...