Извештајот на ЕК ќе биде фер и реален

Скопје, 22 септември 2011 (МИА) - Претстојниот извештај на ЕК за напредокот на Македонија ќе биде фер, базиран на факти и ќе го рефлектира напредокот во земјата во последните 12 месеци. Политичка реалност е дека решавањето на прашањето за името во многу ќе помогне за почеток на пристапните преговори, изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе по денешната средба со вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи во Брисел.

Филе по средбата изјави оти со Арифи имале отворен и конструктивен разговор во кој, како што наведе, ја уверил дека претстојниот извештај за напредокот на Македонија ќе биде фер, базиран на факти и ќе го рефлектира напредокот во земјата во последните 12 месеци.

Во врска со прашањето за името еврокомесарот рече дека „верува оти дијалогот меѓу Скопје и Атина го достигнал моментумот што не треба да се пропушти“.

- Политичка реалност е дека решавањето на прашањето во многу ќе помогне за почеток на пристапните преговори, изјави Филе.

Станало збор и за состојбата со медиумите во Македонија. - Ја поздравив тркалезната маса за состојбата на медиумите на 14 септември во Скопје со која претседаваше вицепремиерката. Тоа е позитивен сигнал дека новинарските асоцијации и неколку НВО се посветени на дијалог. Силно ги охрабрувам сите да ги продолжат напорите за одржување дијалог меѓу Владата и медиумската заедница за изнаоѓање заеднички решенија, изјави Филе.

Од Секретаријатот за европски прашања (СЕП) соопштуваат дека на средбата со Филе било разговарано и за натамошно интензивирање на соработката меѓу ЕУ и сите нејзини институции со Република Македонија, со цел за забрзување на темпото во остварување на критериумите за членство во Унијата.

- Тема на разговорот беа актуелните политички и економски состојби во државата, функционирањето на меѓуетничките односи, како и односите со соседите. Комесарот Филе уште еднаш ја потенцираше поддршката што тој и неговиот директорат и ја даваат на Република Македонија со цел да продолжи во своите напори кон целосно исполнување на европските критериуми, при тоа нагласувајќи го фактот дека приближувањето кон Унијата е во зависност и од примената на демократските критериуми и вредности во сите сфери од нашето општество, се истакнува во соопштението од СЕП.

Вицепремиерката Арифи во Брисел се сретна и со генералниот директор на директоратот за проширување Стефано Санино.

Во текот на разговорите, Арифи ја презентираше моменталната политичка слика во земјата вклучително и плановите за наредниот период на оваа Влада, која преку својот ентузијазам дава за право да веруваме дека процесот на европска интеграција и натаму ќе доминира при дефинирањето на политиките и донесувањето на клучните одлуки, се вели во соопштението.

Вицепремиерката, се додава во него, со Санино разговарал и за претстојниот Извештај при што подвлекла дека Македонија посветено работи на својата европска перспектива и изразила очекување дека тој ќе биде објективен и избалансиран во клучните пораки што ги испраќа.

- Пораките од Извештајот ние, како и претходните години, ги разбираме како укажувања за натамошно ефикасно спроведување на реформите во државата и подобрување на животниот стандард и квалитетот на живеење на македонските граѓани, истакнала Арифи.

На средбата пак, што Арифи ја имала со директорката Александра Кас Грање, акцентот бил ставен на нивото на остварените резултати во реформите, кои се спроведуваат во согласност со препораките на ЕК.

- Арифи информираше подетално за реализираните активности особено во последните два месеци што е од голема важност во пресрет на годинашниов Извештај за напредокот на нашата држава кој ќе биде објавен на 12 октомври. Акцент беше ставен на  конкретните чекори кои ресорните институции ги преземаат во насока на имплементацијата на европските критериуми, пред се во областите на јавната администрација, судството, слободата на изразување и медиумите, борбата против корупцијата, како и некои аспекти на слободното движење на стоки и заштита на потрошувачите, се додава во соопштението.

Во текот на посетата на Брисел Арифи оствари работна средба и со претставниците на земјите членки на ЕУ во Работната група на Советот за Западен Балкан при што биле презентирани политичките и економските движења во државата и нивното влијание врз остварувањето на европската агенда на нашата држава, со акцент врз владеењето на правото, слободата на изразување и демократскиот амбиент во државата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...