Давесет и три годишник од Делчево загина во Минхен

Минхен, 26 септември 2011 (МИА) - Дваесет и тригодишниот Михаил Митевски од Делчево  го загуби животот во Минхен во несреќен случај, откако во саботата вечерта на пет минути пред полноќ паднал од платформа во метро станицата „Вест парк“.

Радио Дојче Веле на македонски јазик објави дека на снимките од безбедносните камери, што ги прегледала полицијата, се гледало оти Митевски не е турнат од никого, ниту дека се работи за самоубиство. На снимката се гледало дека по падот Михаил останал да лежи на шините. По некое време се обидел да стане и се потпрел на ѕидот до шините, но во тој момент поминал воз со голема брзина и го влечел телото неколку метри.

По несреќата повредениот бил однесен во болницата „Гросхадерн“, каде докторите се обидувале да го реанимираат, но Михаил таму им подлегнал на повредите. Загинатиот немал документи освен возачка дозвола.

Од македонското МНР тврдат дека настраданиот не го пријавил престојот во дипломатско конзуларните претставништва  во Германија. Според МНР, несреќата се случила пред затворање на метрото и најверојатно откако му се слошило на Михаил. Полицијата успеала да го идентификува телото, откако кај него пронашла само возачка дозвола. Немал други документи со себе. Не е познато што правел во Германија, бидејќи престојот не бил пријавен во Дипломатско-конзуларното претставништво во Минхен, ниту во амбасадата во Берлин. Не знаат дали тој пристигнал во Германија како турист, или, пак, бил на студентска размена.

Претставници од амбасадата биле повикани во полиција да ја прегледаат снимката од камерите во метрото. Според германската полиција, станува збор за несреќа, а не за самоубиство. Семејството на настраданиот Митевски било известено преку македонската полиција. Неговото тело веќе е испратено во Македонија, објавува Дојче Веле на македонски јазик.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...