Средба Иванов - Ердоган

Скопје, 29 септември 2011 (МИА) - Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими Реџеп Таип Ердоган, претседател на Владата на Република Турција.

Соговорниците, соопшти Кабинетот на претседателот, констатираа и изразија задоволство од мошне високото ниво на севкупните политички односи меѓу Република Македонија и Република Турција, кои се карактеризираат со дух на пријателство, висок степен на доверба и отсуство на отворени прашања. На средбата се разговараше за длабоката соработка на двете држави во голем број области, при што е констатирано дека односите меѓу Македонија и Турција, проследени со редовните средби на највисоко ниво, можат да послужат како пример за позитивна соработка меѓу земјите од регионот.

Претседателот Иванов изразувајќи благодарност за поддршката што Република Македонија ја добива од Република Турција во Северноатлантскиот сојуз, подвлече дека Македонија, која ги исполни условите за членство во НАТО, високо ја цени турската активност по ова прашање. Беа разменети мислења и информации за состојбата на двете држави во ЕУ интегративните процеси. Премиерот Ердоган нагласи дека Република Македонија секогаш може да смета на безусловна поддршка од Република Турција, стои во соопштението.

Премиерот Ердоган истакна дека посебно внимание посветува на натамошното интензивирање на економската соработка со Република Македонија. Беше искажано заемно задоволство што највисоко во агендата на меѓусебната соработка е економијата и констатираа дека економските односи меѓу двете држави напредуваат кон посакуваното ниво. Претседателот Иванов истакна дека е охрабрен од нивото на турски инвестиции во Македонија и во регионот, како и од најавите за натамошно ширење на оваа соработка. Според претседателот Иванов, растечката динамичност на турската економија отвора сериозни можности за нашата држава.

Блиските културни односи меѓу двете земји и контактите меѓу етничките заедници во двете држави значително придонесуваат кон традиционалното пријателство и соработка, заклучија соговорниците. Претседателот Иванов го истакна заедничкото минато на сите балкански држави и потребата да се издвојат традициите кои не зближуваат, традициите на соработка, соживот и отвореност на едни кон други, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...