Откриена криминална група што вршела сексуална експлоатација на малолетнички

Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал по спроведена повеќемесечна истрага откри организирана криминална група составена од македонски државјани, која што подолг временски период континуирано вршела сексуална експлоатација по пат на проституција на пет женски лица, сите македонски државјанки од Скопје , Битола и Куманово. Три од девојките кои биле жртви на оваа група се малолетни, на возраст од 16 и 17 години, додека двете други се на возраст од 21 и 22 години. Петте девојки, според документираните сознанија за одреден паричен надомест, биле принудувани да даваат сексуални услуги на заинтересирани лица - клиенти од Скопје и други градови во државата.

Имено, операцијата која изминатиов период ја започна министерството за внатрешни работи под името “Ноќ“ вчера резултираше со кривична пријава против осомничени 20 лица, од кои четири лица од Скопје на возраст од 26 до 30 години се товарат дека биле членови на криминалната група. Тие се пријавени за кривични дела “Трговија со малолетно лице“, а во врска со “Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти“ и “Посредување во вршење проституција“.

Освен против нив, поднесена е пријава и против 41 годишно лице од Скопје сопственик на мотел кој овозможувал користење на неговиот објект за давање сексуални услуги, така што истиот е пријавен за “Трговија со малолетно лице“ и “Посредување во вршење проституција“, додека 32 годишен полициски службеник во Полициската станица Бит Пазар е осомничен за “Непријавување на кривично дело или сторител“.

Со истата кривична пријава за “Трговија со малолетно лице“ се опфатени уште 14 лица на возраст од 20 до 47 години од Скопје, Куманово, Тетово и Ростуше.

Од преземените мерки и активности утврдено е дека во почетокот на 2011 година, членовите на криминалната група, изнајмиле стан во населба Аеродром во Скопје, во кој ги сместиле женските лица. Од таму, секојдневно, во вечерните часови со патничко возило биле носени на кејот “Димитар Влахов“ во Скопје, односно на просторот помеѓу зградата на МТВ и бензинската станица на “Макпетрол“, каде во времето од 20 се до 02 часот, биле нудени на клиенти на кои им овозможувале користење на сексуални услуги.

Женските лица, вообичаено, сексуалните услуги на клиентите ги давале на локации околу кејот “Димитар Влахов“ во Скопје, во моторните возила на корисниците на сексуалните услуги, потоа во мотел лоциран на улица “164“, сопственост на пријавениот, а по барање на клиентите и по претходно дадена согласност од организаторот и на други локации. Цената за сексуалните услуги изнесувала од 1.500 до 3.000 денари и истата ја одредувале членовите на групата во зависност од услугата и местото каде била овозможена истата, односно дали се користело возилото на клиентот или соба во мотел.

Паричните средства, експлоатираните женски лица му ги предавале на организаторот на групата или во негово отсуство на другите членови, кои вршеле непосредна контрола над движењето на женските лица, кои потоа паричните средства меѓусебно ги делеле. Дел од паричните средства (околу 600 ден) му биле исплаќани и на сопственикот на мотелот, кој и самиот пронаоѓал “клиенти“ за женските лица.

Врз основа на издадени наредби од Истражен судија, ЦСОСК изврши претреси во пет објекти од кои четири станови и еден угостителски објект – мотел и приведе вкупно 14 од пријавените лица, одземени се три патнички возила кои се користени при вршење на кривичните дела, телефонски апарати, СИМ картички од користени телефонски броеви и други предмети. Приведените лица заедно со кривичната пријава се предадени на надлежен Истражен судија за натамошна постапка.

По сослушувањето, од страна на надлежен Истражен Судија на шест лица им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...