Македонија има безрезервна поддршка

Скопје, 6 октомври 2011 (МИА) – Романија безрезервно ја поддржува интеграцијата на Македонија во Европската унија и НАТО, но одлуките за тоа се носат колективно од сите земји-членки и затоа е потребно да се реши спорот за името, порача романскиот претседател Трајан Басеску по денешната средба во Букурешт со македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

- Романија сама не може да одлучи ниту за влегување во НАТО, ниту за прием во ЕУ. Таквата одлука треба да биде донесена колективно од страна на сите земји-членки без разлика дали зборуваме за ЕУ или НАТО. Без разлика кој ќе биде текот на настаните на релацијата меѓу Македонија и Грција, Романија секогаш безрезервно ќе го поддржува вклучувањето на Македонија во НАТО и ЕУ. Ние немаме ниту еден мотив да не ја поддржиме Македонија за нејзиниот влез во ЕУ, нагласи Басеску.

Проблемот, додаде романскиот претседател, е билатерален и колку ние и да ја поддржуваме Македонија, се додека постои вето не ќе може да има прогрес. Тоа е мојот повик – пронаоѓање на билатерално решение за спорот за името.

Тој додаде дека од интерес на Романија е земјите од Западен Балкан да влезат во ЕУ и НАТО и оти во овој момент според нив, држави кои можат да имаат забрзан процес на  пристапување во овие структури се Македонија, Црна Гора и Србија.

Претседателот Иванов се заблагодари за поддршката што и ја дава Романија на Македонија во евроинтегративните процеси.

- Во наш интерес е оваа поддршка што ја имаме од Романија во однос на нашата интеграција во ЕУ и НАТО да продолжи со ист интензитет, истакна Иванов.

Во присуство на двајцата претседатели беа потпишани билатерални договори од областа на научната, економската и техничката соработка и од областа на туризмот. Договорите од македонска страна ги потпиша министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Веле Самак.

Потпишувањето на двата договора, според двајцата претседатели, ќе придонесе за интензивирање на билатералните односи и на економската соработка. Досега Македонија и Романија имаат потпишано повеќе од 30 билатерални договори.

Претседателот Иванов попладнево во Букурешт ќе има средби и со претседателот на Сенатот Мирчеа Џоана и со романскиот премиер Емил Бок.

Претходно Иванов ја доби и титулата почесен доктор на науки од Универзитетот „Димитрие Кантемир“. Ова е трет почесен докторат што претседателот Иванов го добива за време на неговиот претседателски мандат. Во октомври 2009 година му беше врачен почесен докторат на науки од ТОББ Универзитетот во Анкара, а во март годинава од Универзитетот во Истанбул.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...