Препораката за преговори останува, името од суштинска важност

Брисел, 12 октомври 2011 (МИА) - Европската комисија по третпат ја потврди препораката за старт на пристапните преговори на Македонија со Европската унија, но укажува и на спорот за името чие решавање е клучно за нивно отпочнување, истакна еврокомесарот за проширување Штефан Филе пред Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент

- Остануваме на нашата препорака за почнување на пристапните преговори. Перспективите за интеграција во Европската унија се двигател за продолжување на реформскиот процес. Сепак, со продолжување на спорот за името мотивираноста за реформи е намалена. Постигнат е мал прогрес во текот на изминатава година. Суштествените предизвици остануваат - независноста на судството, реформите во јавната администрација и борбата против корупцијата. Слободата на изразување и натаму останува сериозен предизвик. Затоа клучно е да се постигне прогрес за прашањето за името. Решавањето премногу се одолжува. Отворањето на пристапните преговори ќе биде корисно не само за земјата и за регионот, туку и за Европската унија како целина. Не смее да биде загубена уште една година, рече еврокомесарот Филе, презентирајќи ги извештаите за напредокот на земјите кандидати за членство во ЕУ во 2011 година.

Филе  го претстави и пакетот за проширување на Европската унија. Тој нагласи дека постигнатиот напредок во земјите кандидати за членство, потврдува дека политика за проширување која ја спроведува Европската комисија е кредибилна и оти води кон конкретни резултати, оти земјите кандидати се ангажираат во реформи, со оглед дека процесот на проширување, меѓу другото, дозволува да се зацврсти стабилноста на континентот.

Комесарот за проширување пред европратениците информира дека во иднина во процесот на проширување ќе се има нов пристап, со поголема будност во мониторингот во неколку значајни области.

- Ние предлагаме нов пристап во однос на правосудството, фундаменталните права и правда и внатрешните работи,  поглавја  кои ќе бидат отворени многу порано во процесот на проширување, отколку што тоа беше случај досега, а ќе бидат последни затворени, рече Филе.

Во однос на другите земји опфатени со процесот на проширување Европската комисија предлага прием на Хрватска во ЕУ,  почеток на преговори со Црна Гора, а за Србија со оглед на напредокот и соработката со Меѓународниот суд за поранешна Југославија и регионалното помирување да и се додели статус на кандидат.

Исланд, според Филе постигна напредок во преговорите, и тој е убеден дека нештата нема да се изменат иако постои поделеност во јавното мислење во оваа земја за членството во ЕУ.

За Турција, рече дека има динамична економија и ЕК е убедена дека процесот на проширување е најсоодветниот инструмент за соработка, но за жал, процесот на преговори не напредна. Комисијата предлага програма со која ќе се даде поттик на процесот на соработка и на реформите при што комесарот изрази загриженост поради затегантоста на односите меѓу Кипар и Турција.

За Албанија, се посочува дека е потребен напредок и дијалог меѓу политичките актери, додека во однос на Босна и Херцеговина е потребно деблокирање на институционалната криза. Забележан е ограничен напредок во Косово.

Штефан Филе годинава прво им се обрати на членовите на Комисијата за надворешни работи на ЕП, откако лани тие го критикуваа дека тој прво им се обрати на новинарите, а потоа говореше пред ова тело.

Еврокомесарот Филе детално Извештајот заедно со Стратегијата за проширување ќе ги презентира попладнево на прес-конференција во седиштето на Унијата во Брисел.

Извештајот за Република Македонија потоа ќе биде презентиран на конференција за печат во Делегацијата на ЕУ во Скопје од страна на Александра Кас Грање, директор за проширување во ЕК.

Предвидено е таа подоцна документот да им го предаде на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и на премиерот Никола Груевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...