И покрај блокадата поради името, не отстапуваме од реформите

Скопје, 12 октомври 2011 (МИА) - Добивањето на препорака за почетокот на преговорите со ЕУ по трет пат е најголемо признание за позитивниот тек за нашата евроинтеграција и доказ дека Република Македонија,  нeспорно се движи напред кон Унијата, изјави премиерот Никола Груевски на денешната прес-конференција по  средбата со директорката на Директоратот на ЕУ за Македонија Александра Кас Грање, која му го предаде Извештајот за напредокот на земјата.

Премиерот Груевски се осврна и на изјавата на еврокомесарот за проширување Штефан Филе и му порача дека нема да помогне во обезбедување на притисок за решение за името, стратегијата на пренагласување на определени забелешки во однос на судството и на јавната администрација во склоп со наводниот проблем со слободата на изразување и тоа, како што наведе, во услови кога три години спроведуваме суштински реформи во овие сфери кои не биле започнати 17 години, како и со пренагласувањето на забелешките околу борбата со корупцијата, каде Македонија пет години има позитивен напредок на светската листа на Транспаренси интернешнл за борба против корупцијата од 43 места. Шефот на државата, го посочи, и како што рече, намерното изоставување на придавката „македонски“ што, вели, нема никаква врска со оваа или било која друга влада во изминатиот период.

- Напротив, се одмага во решавањето на главниот проблем за нашата евроинтеграција, за кој сите сме свесни дека е проблем што Република Грција го има со нашето уставно име и нашиот идентитет, јазик и националност, кои се македонски, рече премиерот.

Македонија, според него, и покрај блокадата напорно работи на реформите и останува посветена на евроинтеграциите.

- Ако три години работиме макотрпно на реформите и ги достигнуваме, а во исто време сме блокирани од еден нерационален, виртуелен спор, кој не е базиран на европските вредности и стандарди кои, пак, и блокирани упорно ги остваруваме, тогаш сигурно е дека сме вложиле не половина туку три пати повеќе од обичните потенцијали за да успееме и да останеме посветени на процесот на евроинтеграции од кои не отстапуваме. И тогаш е сигурно дека не само што не сме работеле со пола срце, туку со три срца, рече Груевски.

Тој подвлече дека потврдата на препораката за почеток на преговори, е сумарна оценка за целокупниот напредок на Република Македонија, и тоа во услови кога годинава земјата имаше определени предизвици кои ги надмина, и претставува сигнал дека реформскиот процес ги дава своите резултати а модернизацијата на земјата продолжува во позитивна насока.

Во Извештајот, додаде тој, се наведени позитивни оценки, согледувања и препораки за реформите и состојбите, како и сугестии и укажувања за поинтензивна и подинамична работа и во сферите каде е потребен посилен конкретен напредок. Владата, ги почитува препораките и укажувања на ЕК, рече премиерот, и со засилен ангажман уште од денес ќе се посвети на нивната реализација, во насока на постигнување на уште поголем напредок и достигнување на нови повисоки скалила на полето на евроинтеграциите, мотивирана пред се, од поддршката на граѓаните.

- Република Македонија се движи напред. Успехот е и ќе биде заеднички и зависи од нашите сопствени потенцијали и залагања, порача премиерот Никола Груевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...