Емирот на Катар во посета на Македонија

Скопје, 17 октомври 2011 (МИА) - Емирот на Катар, Шеик Хамад бин Калифа Ал Тани, на покана oд претседателот Ѓорге Иванов, од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија.

Ова е прва официјална посета на еден крал од арапскиот свет од независноста на Република Македонија. Својата европска турнеја Емирот на Катар ја почнува од Македонија, по што следат посетите на Албанија, Полска и Украина.

Според агендата, емирот на Катар утре, на вториот ден од посетата, ќе се сретне со премиерот Никола Груевски и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, по што е предвидено разгледување на културно-историски знаменитости и посета на Старата скопска чаршија.

Од Кабинетот на македонскиот претседател ја оценуваат посетата како многу значајна затоа што е продолжение на континуираниот политички дијалог и ќе претставува силен сигнал за интензивирање на севкупната соработка, посебно на економската.

На средбата на македонскиот претседател со Емирот на Катар ќе бидат разгледани билатералните односи меѓу двете држави и ќе бидат разменети мислења за ситуациите во регионот, на Блискиот Исток и Северна Африка, како и на Балканот.

Акцент ќе биде ставен на развојот и унапредувањето на економските односи меѓу двете држави, односно зголемување на трговската размена како и можноста за директни катарски инвестиции во македонското стопанство.

Во рамки на посетата на Емирот на Катар ќе бидат потпишани неколку билатерални договори од областа на културата, образованието, како и од економската сфера.

Шефот на државата Иванов ќе го одликува неговото височество Шеик Хамад Бин Калифа Ал Тани, со орден „8-ми Септември“ за заедничките заложби во афирмацијата на дијалогот меѓу цивилизациите и религиите и соработката со Република Македонија на тој план, како и за особениот придонес и посветеност кон развојот и унапредувањето на односите меѓу Државата Катар и Република Македонија.

Катар во 2003 година финансиски и политички го поддржа одржувањето на Самитот на шефови на држави од ЈИЕ на тема „Дијалог меѓу цивилизации“, чиј иницијатор беше починатиот македонски претседател Борис Трајковски. Во 2013 година на десетгодишнината на Самитот Македонија повторно ќе биде домаќин на овој форум.

Ова ќе биде трета средба на претседателот Иванов со Емирот на Катар. Првата беше во 2009 година во Њујорк за време на 64-то Генерално Собрание на Обединетите Нации, а втората во 2010 година во Катар за време на десеттиот Доха Форум.

Катарската делегација ќе брои 100 лица, меѓу кои двајца членови од потесното кралско семејство и 12 министри. Во придружната делегација ќе има голем број обезбедување и претставници на медиумите.

За време на дводневната посета ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на движење во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...