Спомен-куќата на Тоше меѓу трите најдобри објекти

гласањето за прво место трае до 4 ноември

Скопје, 21 октомври (МИА) - Спомен-куќата на Тоше во Крушево има големи шанси да биде најдобар објект во 2011 според светската јавност која првпат годинава во рамки на  престижниот Светски фестивал на архитектура во Барселона има можност по електронски пат да избира најдобро архитектонско дело.

Во тесна конкуренција се уште два проекта - идејниот концепт „Атмосфера“ во Калкута и Музејот на меморијата и толеранцијата во Мексико Сити. Музејот на Тоше вчера со 5.100 гласа бил на третото место, а утрово со 6.900 избил на првото место на отвореното гласање http://openbuildings.com/peoples_choice/waf/leaderboard. Но пласманот не е конечен и е неизвесен до 4 ноември до кога ќе трае гласањето.

Спомен-куќата на Тоше во Крушево

Тоа почна пред 45 дена и учествуваа 704 објекти од светот, избрани за листата од вкупно илјада пријавени. Објектите може да бидат од разни категории, а главен критериум за учество во гласањето е да се завршени оваа година. Првата фаза од електронскиот избор заврши денеска напладне и до 4 ноември за гласање остануваат првите три рангирани.

Веста за високото котирање на Спомен-куќата на Тоше, според изборот на светската јавност, денеска ја соопшти Дејан Секуловски, еден од архитектите на музејот, кој од отворањето во април го посетиле 110.000 луѓе.  Тој рече дека отвореното гласање на интернет е придружна манифестација на реномираниот фестивал, кој е смотра на најголемите архитекти на денешницата и на кој се доделува и главна награда за најдобар објект на светот според одлуката на 69-члено стручно жири.

- Тоа е најголема изложба за архитектура во изминатите години, каде што се претставува светската архитектонска елита. Имавме среќа годинава да пратиме труд и да ни го прифатат по првото селектирање. Во меѓувреме тие афирмираа и награда за најдобар објект по избор на светската публика. Од денеска сме на прво место, до вчера бевме на трето. Се надевам дека со поддршка на јавноста, иако немавме такви амбиции, ќе успееме да стигнеме можеби и до наградата, рече Секуловски на средба со новинарите.

Цело време додека траело гласањето, позицијата на Спомен-куќата на Тоше варирала од второ до петто место од 704-те проекти, а последните 20 дена константно е на второ или на трето место. На http://openbuildings.com/peoples_choice/waf/leaderboard може да се гласа само еднаш од ист компјутер.

Со поддршка на Министерството за култура, Македонија првпат ќе се претстави на фестивалот во Барселона, каде што архитектите на меморијалниот музеј на Тоше ќе го презентираат проектот на затворањето на 4 ноември. Тогаш ќе бидат доделени и наградите, меѓу кои и главната за најдобар објект на светот.

Наградата од публиката не е материјална, но е многу значајна за промоција на објектот пред најголемите современи архитекти кои учествуваат на фестивалот во Барселона. Таму се претставуваат градби  од стотици милиони евра и архитекти добитници на Притцекеровата награда (во архитектурата еквивалент на Нобеловата награда), како Заха Хадид, Норман Фостер, Коп Химелблау...

Спомен-куќата на Тоше беше отворена на 25 април годинава. Лоцирана е на Гумење во Крушево на површина од 870 метри квадратни. Има форма на крст, изградена од бетон и стакло, според идејниот проект на архитектите Дејан Секуловски и Дејан Спасеновски, во соработка со Илија Божиновски. Нивниот труд идниот месец ќе биде претставен и на изложбата на Интернационалното биенале „Леонардо“ во Минск.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Насуфи го унапредуваат во чувар на затвор.
- Г-не Насуфи, имате за задача меѓу затворениците да воспоставите ред и дисциплина!
- Нема проблем, кој нема да слуша, веднаш ќе го ...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на физичката активност
1497.- Италијанскиот морепловец Америго Веспучи...
1774.- Умре Луј IV, крал на Франција. Роден е на...
1876.- Во Врхника е роден Иван Цанкар,...