Средба Попоски - Филе во Стразбур

Скопје, 25 октомври 2011 (МИА) -  Почетокот на преговорите на Европската унија со Република Македонија  позитивно ќе влијае врз реформскиот процес и перспективите на целиот регион, истакнал македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски на денешната средба во Стразбур со еврокомесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе.

Министерот Попоски,  кој од вчера е во работна посета на Европскиот парламент во Стразбур, упатил благодарност до Комисијата за обновената, по трет пат препорака за почеток на пристапните преговори со Република Македонија, како и за континуираната поддршка во спроведувањето на реформите за интеграција на земјата во ЕУ.

Комесарот Филе,  соопшти македонското МНР,  истакнал дека обновената препорака за почеток на преговорите ја отсликува и потврдува работата на македонската Влада во изминатата година. Посочил оти Комисијата е подготвена да работи заедно со Владата на Македонија за надминување на предизвиците кои се наведени во последниот Извештај на Комисијата за напредокот на земјата во евроинтегративните процеси.

Попоски во Стразбур имаше одделни средби со претседателите на двете најголеми политички групи во Европскиот парламент, Жозеф Дол од Европската народна партија и Мартин Шулц од Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите кој е кандидат за претседател на ЕП. Притоа побарал отворена поддршка за неодложно почнување на пристапните преговори на Македонија со Унијата, како и поддршка на македонскиот евроинтеграциски процес,  меѓу другото и во контекст на подготовката на Резолуцијата на Европскиот парламент за напредокот на Македонија во 2011.

На средбите е истакнато дека почитувањето на европските правила и вредности, но и конструктивноста и чувството за заеднички европски интерес е потребно да се промовираат како од земјите кандидати така и од сите земји членки на ЕУ, особено во кризни периоди, се вели во соопштението.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...