Од овој петок ќе настапи заладување на времето со засилен северен ветер и повремени врнежи од дожд и снег, информираат од УХМР.

Дневната температура ќе се движи од 12 до 17 степени во четврток, за во петок да стапи благ пад на температурите и истите да се движат од 10 степени па надоле.
Утринските температури ќе бидат значително пониски и истите ќе се движат од минус 4 до 2 степени, а во недела изутрина од минус 6 па се до дневна температура од девет степени.