Досега немало прифатлив предлог за името

Скопје, 7 ноември 2011 (МИА) - Македонија не може да прифати меѓународна арбитража за решавање на спорот со Грција за името, бидејќи станува збор за суштинско прашање кое задира во клучните параметри на секое демократско општество. Фактот што на демократски начин сме се определиле за името на државата, не може да има разрешница според истата методологија како по примерот на словенечко – хрватскиот спор за границата.

Тоа го истакнува во интервју за  Радио Слободна Европа министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Тој потврдува дека под покровителство на Обединетите Нации, Македонија и Грција преговараат само за името, но додава дека ако се следат изјавите на грчката страна може да се заклучи оти проблемот се проширува и на идентитетски прашања.

Според Попоски, моментно мотивираноста на Грција да преговара за проблемот со името не е на посакуваното ниво. 

Шефот на македонската дипломатија оценува дека од сите досега понудени решенија за проблемот со името, нема такво што би било прифатливо за македонските граѓани, за да може да биде ставено на референдум.

- Ниедно решение не е прифатливо доколку Македонија нема можност да ги затвори двете клучни поглавја - членството во НАТО и во Европската Унија, истакнува министерот Попоски во интервју за Радио Слободна Европа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...