Средба Попоски - Валднер

Скопје, 7 ноември 2011 (МИА) - Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска се сретна со државниот секретар во австриското сојузно министерство за европски и меѓународни работи, Волфганг Валднер.

На средбата, како што информира македонското МНР, беше разговарано за билатералните односи и можностите за нивно натамошно унапредување, како и за поддршката од страна на Австрија на патот кон целосната интеграција на Република Македонија во евроатлантските структури.

- Во однос на обновената препорака од Европската комисија до земјите-членки за почеток на преговорите со Република Македонија, министерот Попоски го пренесе очекувањето за активна поддршка од Австрија за конечно процесуирање на препораката на Комисијата од страна на Советот на ЕУ, на декемврискиот состанок, оваа година, соопшти МНР.

На средбата беше нагласено и задоволството од меѓусебната соработка во доменот на економијата, посебно на полето на инвестициите и условите кои Република Македонија ги нуди за странските инвеститори, а беа покренати и прашања од областа на мултилатералната соработка меѓу двете земји.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...