Промените во Грција ја комплицираат состојбата

Скопје, 8 ноември 2011 (МИА) - Грција моментно поминува низ големи политички и економски промени и се додека се во овој процес тоа го комплицира напредокот на секој друг процес, а не само прашањето за името.

Ова го изјави денеска американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс,  прашан дали поради кризата во која се наоѓа Грција е конструктивен партнер за решавање на спорот за името.

Според Волерс,   политичките и економските промени кај Грција не значат дека не може да се работи на решавање на проблемот за името, но, истакнува, нема да биде лесно.

- Секако, ние не сме кренале раце од прашањето. Процесот во рамките на Обединетите нации продолжува. Нашиот став во однос на тоа прашање останува непроменет, изјави Волерс, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Македонска берза.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...