Ал Џазира Балканс почнува со емитување програма

Скопје, 11 ноември 2011 (МИА) - Ал Џазира Балканс  денеска во 18:00 часот започнува со емитување на својата програма. Програмата ќе се емитува од централното студио во Сараево, како и од регионалните центри во Белград, Загреб и Скопје.

Гледачите во регионот ќе можат да ја следат програмата на оваа глобална информативна мрежа преку кабловските и ИП ТВ оператори, преку сателитот на ЕутелСат, како и преку земјен сигнал во Босна и Херцеговина. 

Програмата на Ал Џазира Балканс ќе биде првата програма која оваа глобална  ја прикажува на друг јазик освен на англиски или арапски.

Користејќи ја регионалната мрежа на дописници, како и глобалните дописништва на Ал Џазира, Ал Џазира Балканс на гледачите во регионот ќе им носи како регионални, така и глобални вести, а од овој регион ќе известуваат за гледачите во светот кои ги следат програмите на англиската и арапската програма на Ал Џазира.

Шесте часа вести кои локално се продуцираат, интервјуата, коментарите и анализите, како и квалитетната документарна програма која ќе ја емитува Ал Џазира Балканс претставуваат почеток на едно ново поглавје во медиумското известување во регионот.

Ал Џазира Балканс ќе работи под слоганот „Од секој агол и за секоја страна“ и ветува независно и непристрасно известување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...