Правото на самоидентификација е нераскинлив дел на слободата

Лондон, 11 ноември 2011 (МИА) - Нераскинлив дел на слободата е правото на самоидентификација, самоизразување и сопствен идентитет, но во денешниот современ свет, дури и во Европа, постојат земји кои забрануваат вакви слободи, што е надвор од основните вредности на кои се заснова Унијата и современиот демократски свет, вредности во кои сите ние веруваме и за кои сите ние се бориме.

Ова го истакна македонскиот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во обраќањето на тема „Јакнење на слободата и демократијата во 21 век“ на пленарната сесија на лидерската средба на Меѓународната демократска Унија, што се одржува во Лондон.

- Длабоко верувам и убеден сум дека како политичка сила, обединета во вредностите и верувањата, со силна верба во сопствениот потенцијал и водена од универзалните вредности за слобода и правда, ќе успееме да го надминеме и овој предизвик, во интерес на нашите граѓани и светскиот мир и напредок, рече Груевски.

Тој истакна дека она што е вложено од, како што рече, нашите претходници кои створија човештво базирано на вредности, и обврската кон нашите наследници кои сакаат да им оставиме свет кој ќе изобилува со можности, бараат од нас како генерација да се вложиме во синергија која трајно ќе ги обезбеди, засили и надгради слободата и демократијата за навек.

Остварувањето поголема инклузија на граѓаните во креирањето на политики и носењето на одлуки кои нив директно ги засегаат, обезбедување политичко лидерство кое ќе направи баланс меѓу глобализацијата на капиталот и третирањето на граѓаните како потрошувачи, наспроти слободите и правата на граѓаните за поквалитетен живот и надградба и зајакнување на слободата и демократијата се трите постулати што како генерациски влог ги посочи Груевски.

- Преку остварувањето поголема инклузија на граѓаните во креирањето на политики и носењето на одлуки кои нив директно ги засегаат слободата и демократијата најсоодветно ќе бидат обезбедени. Предуслов за реализирање на оваа цел е постоењето на систем на добро владеење преку доследно владеење на правото, ефикасна јавна администрација ориентирана кон граѓаните, независно судство и транспарентност во работењето на властите, нагласи Груевски.

Само вака воспоставен систем, додаде тој, може да обезбеди зајакнување на дијалогот со граѓанскиот сектор, социјална инклузија со особен осврт кон маргиналните и социјално ранливите категории на граѓани, како и градење на култура на солидарност и социјална правда. За достигнување на ова потребно е континуирано инвестирање во образованието и искористување на предностите кои ги нуди современото информатичко општество преку интернетот, средствата за масовна комуникација, социјалните мрежи и другите алатки на 21 век.

Според Груевски, обезбедувањето на политичко лидерство добиено од и во функција на граѓаните демократијата и слободата ќе бидат засилени.

- Потребно е општествениот развој да се насочи во правец демократијата да биде повеќе од државно уредување кое цели кон задоволување на потрошувачките потреби на граѓаните. Потребно е демократијата да одговори на колективните потреби на граѓаните – подобро образование, здравство, култура и слично, што претставува суштинска инвестиција во изградба на подобра иднина за нашите поколенија и главен влог во надминување на синдромот на деструкција, истакна лидерот на ВМРО - ДПМНЕ.

За надградување и зајакнување на слободата и демократијата придонес може да даде економската соработка, трговската размена и зголемувањето на инвестициите.

- Одржлив економски раст, задоволни и економски ситуирани граѓани се услови за уживање на придобивките од демократското уредување. Во услови кога се уште се справуваме со последиците од најголемата економска криза во светот во последните 80 години и кога се погласни се најавите за нова криза во Европа, исправени сме пред предизвикот за забрзана економска консолидација со цел да ги зачуваме придобивките од демократијата. За таа цел, повеќе од неопходно е да се зачува економската солидарност и да се зајакне меѓусебната трговијата и инвестициите, со цел да се обесхрабрат оние политички сили кои водени од опортунизам и гола прагма пропагираат политики на екстремната левица и десница, загрозувајќи ги на тој начин темелните вредности на кои почиваат демократските општества, појасни Груевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...