Врачени наградите „13 ноември на Град Скопје“ за 2011 година

Скопје, 13 ноември 2011 (МИА) - Во рамки на централното одбележување на 13 ноември-Денот на ослободување на Скопје, денеска, во Киното Фросина при Младинскиот културен центар-Скопје, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски им ги врачи признанијата на добитниците на Наградата „13 Ноември на Град Скопје“ за 2011 година.

- Денеска ја одбележуваме 67-годишнината од ослободувањето на градот од фашистичката окупација,  голем празник, не само за Скопје, туку и за Република Македонија. Ги славиме не само годините на живот во мир и слобода, туку на достоен начин ги одбележуваме пресвртните моменти во историјата на нашиот град и на нашата татковина, кога македонскиот народ заедно со сите родољубиви граѓани на Македонија, низ Народноослободителната борба, се определи на вистинската страна – големата антифашистичка коалиција меѓу мирољубивите народи во светот, истакна градоначалникот Трајановски.

Притоа тој потенцира дека е наша должност да ги поттикнуваме и да им го вреднуваме несебичниот труд на сите оние наши сограѓани кои, со својата работа и достигнувања, вложувале и вложуваат во развојот на Скопје, како град во кој се негува духот на традицијата, солидарноста  и мултикултурниот  соживот.

- Токму традиционалната годишна награда „13 Ноември на Град Скопје“, за особени достигнувања и остварувања во сите сегменти на животот, е знак на  признание на Градот Скопје на сите оние што со својот труд и достигнувања придонеле за неговиот развој, но и за севкупниот напредок и афирмација на Република Македонија, во и надвор од нејзините граници, додаде Трајановски.

Од областа на науката годинава наградата 13 Ноември му припадна на д-р Никита Шекутковски, проф. д-р Љубинка  Басотова е добитник на наградата во категоријата образование и воспитување, Бојку Фејзи и Димитар Масевски во областа на уметноста, Борис Поп Ѓорчев во публицистиката,  Бошко Заборски во категоријата спорт, Александар Јаневски - за хуманитарна активност,   Мичо Поповски  во стопанството. Кај правните лица наградата ја доби Здружението „Центар за истражување и информирање за животната  средина Еко-Свест“, а пак Иван Антоновски, Таско Смилески и Александар Степановски се годинашните ученици и студенти, добитници на 13. Ноемвриската награда.

Во рамки на прославата, дел од ансамблот на Македонската опера и балет, на музика од операта „Кармина Бурана“ од Карл Орф, изведе сценски перформанс што ја симболизираше борбата на слободата, на видео бим беа прикажувани фотографии од старо Скопје од периодот на Втората светска војна и од развојот на денешното современо Скопје, а Химната ја изведе Женскиот младински хор при МКЦ, под диригенство на Сашо Татарчевски.

На прославата, со неколку оперски композиции, настапи и оперската певица Дешира Амети, во пијано придружба на Марија Силјановска, Женскиот младински хор при МКЦ изведе неколку композииции, обработки од македонскиот фолклор, а во фоајето на Киното Фросина беа изложени делата од последната ликовна колонија „Скопје 2011“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...