Велес, 23 ноември 2011 (МИА) - Во околината на езерото „Младост“ во месноста викана Шетлова нива утрово почна осмата акција „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“.
На површина од седум хектари ќе бидат засадени 15 илјади садници од багрем, чемпрес и јавор.
Теренот за пошумување го подготви стручна екипа на Јавното претпријатие „Македонски шуми“, подружница „Бабуна“ од Велес.
Во акцијата се вкучени ученици, наставници, вработени во јавните претпријатија, припадници на АРМ од велешкиот гарнизон, претставници на невладините организации и граѓани, за што е обезбеден беплатен автобуски превоз од градот до местото на пошумување.