Запалено македонското знаме во Косово

Скопје, 24 ноември 2011 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ денеска остро го осудија палењето на македонското знаме на фудбалски натпревар на Косово, каде исто така имало и транспаренти за делба на Македонија. 
 
- Остро го осудуваме таквиот гест, кој не оди во насока на подобрување и европеизација на односите на Балканот. Во овој случај многу побитно е како ќе изреагираат косовските власти, изјави Илија Димовски, директор на Центарот за комуникации на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
 
Јани Макрадули од СДСМ го пренесе ставот на најголемата опозициска партија во земјата посочувајќи дека палењето на македонското знаме на фудбалски натпревар не оди во прилог на развивање на добрососедските односи на Македонија со Косово и претставува ризик за будење на стариот балкански радикализам, кој одамна требаше да остане минато.
 
- Очекуваме косовските власти да реагираат брзо и веднаш јавно да ги осудат провокациите и да го санкционираат радикализамот на фудбалските навивачи, изјави Макрадули. Неопходна, според него, е реакција на македонската дипломатија и јавна осуда од албанските политички партии во Република Македонија.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...