Се исплашиле од тест и лажно пријавиле бомба

Скопје, 2 декември 2011 (МИА) - Tри ученички и двајца ученика пред четири дена пријавија лажно подметнување на бомба во скопската гимназија „Орце Николов“ за да го одложат закажаниот тест на знаење.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека го расчисти случајот со лажната пријава за наводно подметната бомба во скопската гимназија “Орце Николов“ од 29 минатиот месец. По преземените мерки и активности утврдено е дека петмина малолетници (три девојки и две момчиња), дел ученици во средното училиште „Ѓеорѓи Димитров“, а дел во “Орце Николов“, на возраст од 16 и 17 години се сторители на кривичното дело - лажно пријавување.

Мотивот за лажното пријавување, како што велат од МВР, бил одложување на претходно закажан тест на знаење во гимназијата “Орце Николов“. Утврдено е дека пред ова малолетниците се обиделе лажно да пријават подметната бомба и во средното училиште “Ѓеорѓи Димитров“, но раководството на училиштето се посомневало во веродостојноста на јавувањето па случајот не бил пријавен во полиција.

Во текот на вчерашниот ден петмината малолетници, во придружба со нивните родители се повикани во полициска станица, а по завршувањето на сите истражни дејствија против осомничените ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 29 ноември околу 16 часот во гимназијата “Орце Николов“ беше примена дојава за подметната бомба по што на лице место веднаш излегоа припадници на СВР Скопје и на единицата за антитероризам при МВР, и по увидот беше констатирано дека станува збор за лажно пријавување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...