Странските медиуми за пресудата

Скопје, 6 декември 2011 (МИА) - Меѓународниот суд за правда одлучи дека Грција не била во право со ветото за приемот на Македонија во НАТО поради несогласувања за името на државата, објавува Еуроњуз.

- Грција во 2008 година ја блокираше Македонија да стане членка на Алијансата, поради тоа што официјална Атина смета дека таа источноевропска држава користи име кое имплицира територијални амбиции поради тоа што во Грција има северен регион што исто така се вика Македонија, наведува Еуроњуз, објаснувајќи дека Грција се согласи да ја ословува државата како Поранешна Југословенска Република Македонија но се уште се спротивставува на влез на државата во НАТО и Европската унија.

Значителен простор за информацијата одвојува и Би-Би-Си, наведувајќи дека Меѓународниот суд пресудила дека Грција не била во право со блокирањето на влезот на Македонија во НАТО во 2008 година. Судот соопшти дека Атина треба да ја почитува Привремената спогодба од 1995 година и да не блокира зачленување на Македонија доколку тоа биде под Поранешна Југословенска република Македонија. Судот нема надлежност во спорот со името меѓу двете држави. Дописникот на Би-Би-Си јави дека откако Македонија прогласи независност, името е чувствително прашање во двете држави. Грција тврди дека користење на тоа име од соседот имплицира територијални аспирации бидејќи на север во државата има регион со тоа име, објаснува Би-Би-Си.

- Голем број Грци сметаат дека терминот Македонија е со грчко потекло, додека Македонците тврдат дека е дел од нивниот словенски идентитет и нема да прифатат да го сменат, јави дописникот на Би-Би-Си.

Овпј медиум оценува дека пресудата е „значајна дипломатска победа за малата поранешна југословенска република наспроти поголемиот сосед и предизвика славење по улиците.

Би-Би-Си уште потсетува дека набрзо по прогласувањето независност, Грција наложи трговски ембарго на Македонија, кое беше подигнато во 1995 година во замена за промена на знамето и уставот и аплицирање во меѓународните институции под референцата Поранешна југословенска република Македонија.

„Светскиот суд ја осуди Грција за блокирањето на Македонија за членство во НАТО“ е насловот под кој Гласот на Америка информира за вчерашната одлука на Меѓународниот суд, објавувајќи дека Македонија ја поздравила одлуката и изразила надеж дека Грција ќе ја почитува.

За вчерашната пресуда информираа и Си-Би-Ес, Ен-Би-Си, Еј-Би-Си, Хералд трибјун, Фокс и многу значајни светски медиуми. Објаснувајќи го историјатот на спорот овие медиуми наведуваат дека Судот пресудил во корист на Македонија, истакнувајќи дека спорот околу името предизвикува длабока загриженост кај обете страни, иако понекогаш, отстрана гледано, тој изгледа вештачки. Медиумите објавуваат дека ова име е употребувано од Македонија набрзо по Втората Светска војна, но по осамостојувањето од Југославија Грција во името препознала територијални претензии.

Овие медиуми уште наведуваат дека пресудата е помалку симболична, бидејќи Судот не и наложил на Грција промена на ставот во иднина.

Одлуката на Меѓународниот суд за правда во Хаг дека Грција ја прекршила привремената спогодба меѓу двете земји, во Македонија е прославена како победа над грчката блокада на нејзините евроатлански планови,но не се знае каков ќе биде ефектот од пресудата за амбициите на земјата во НАТО и ЕУ, пишува лондонскиот неделник „Економист".

Неделникот оценува дека во овој момент не може да се каже дали победата во Хаг ќе и помогне на Македонија, за одблокирање на нејзиното долго чекање како земја кандидат за членство во Европската Унија, за почнување на преговорите со Брисел.

Само малку од земјите во ЕУ, пишува „Економист“, имаат разбирање за позицијата на Грција и за нејзиното спротивставување на приближувањето на Македонија кон Унијата. Освен тоа, во сегашната состојба во која се наоѓа Грција,кога моли за помош на сите страни, таа не е во позиција и понатаму да може да наредува и да наложува некому околу ова прашање. Ситуацијата околу членството во НАТО,исто така е нејасна, особено околу тоа како понатаму ќе се развиваат работите,но според овој неделник и тука може да има придвижување.

„Економист“ открива дека веќе се работи на тоа да се притиснат САД, за Македонија да биде поканета да и се приклучи на Северноатланската алијанса на нејзиниот следен самит, што треба да се одржи во Чикаго, во мај идната година.

Меѓународниот суд на правдата во Хаг се определи против Грција во „случајот Македонија“, пресудувајќи дека Атина погрешила кога го блокираше предлогот, Македонија да му се приклучи на НАТО во 2008 година, објави лондонски „Гардијан“.

Според овој суд, грчкото вето значи прекршување на привремената спогодба што ги регулира односите меѓу двете земји. Со спогодбата од 1995 година, Грција се има обврзано дека нема да го блокира македонското членство во меѓународните организации, доколку го употребува името „Поранешната југословенска Република Македонија“, или ПЈРМ, додека недоразбирањата околу името не се разрешат низ преговори,пишува весникот.

Според лондонскиот весник, победата е симболична, затоа што овој суд на Обединетите нации не ја казни Грција, ниту пак нареди таа да се воздржи од слични чекори (како на Самитот на НАТО во Букурешт), против Македонија во иднина. Но пресудата во Хаг создава ситуација, со која политички ќе биде тешка за Грција да го блокира влегувањето на Македонија во НАТО, ако одново се постави на дневен ред, наведува весникот.

Одлуката на судот на ОН, од друга страна, му дава морална тежина на македонскиот протест против грчкото вето на македонското придружување кон Европската Унија, што во Скопје се означува како нефер постапка, пишува „Гардијан“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...