Пресудата е идниот багаж за македонската дипломатија

Скопје, 7 декември 2011 (МИА) - Треба да продолжиме да бидеме упорни, да го искористиме овој меѓународно правен капитал на еден прагматичен, практичен и разумен начин со развивање план и агенда за дејствување на сите нивоа ,и правно и дипломатско и политичко во нашата држава, за да можеме Република Македонија да ја придвижиме напред кон организациите во кои припаѓа и ги исполнува условите за членство. 

Ова е ставот на Антонио Милошоски, поранешен министер за надворешни работи, модератор на трибината што денеска се одржа на тема „Анализа на аспектите од пресудата на Меѓународниот суд за правда во врска со спорот помеѓу Македонија и Грција“, во организација на институтот „Павел Шатев“. Генерално, согласни со ваквиот став се и учесниците - излагачи на трибината Јана Лозановска, експерт по меѓународно право, и Ристо Никовски, Звонимир Јанкуловски, Слободан Чашуле и Димитар Мирчев.

Документот - пресудата е идниот багаж за македонската дипломатија и затоа последна или прва задача, сметаат, е политичко единство и национален консензус во Република Македонија околу начините на кои врз основа на сите аргументи што ги имаме ќе одиме понатаму во расчистувањето на прашањето за името. 

Пред три години, подвлече Милошоски, верувавме дека Македонија има аргументи, во 2008 година знаевме дека бевме неправедно попречени за да го добиеме заслуженото членство во НАТО и три години потоа ја добивме заслужената правда. Оваа македонско-грчка судска разврска, рече меѓу другото тој, е случај за кој ќе дознае целиот свет кој има интерес и обврска да ги следи меѓународните и дипломатски активности на Меѓународниот суд на правдата. Милошоски потсети дека 2008 година по НАТО Самитот во Букурешт во врска со тужбата за Грција пред Меѓународниот суд за правда имало повеќе скептици. За жал, подвлече, еден од скептиците за поднесување на тужбата беше и тогашниот претседател на државата Бранко Црвенковски, но тоа не беше пречка за нашата решителност и увереност дека имаме аргументи и случај, како и право да излеземе пред Судот во Хаг.

Пресудата која ја добивме, потенцира Лозановска, треба да претставува устав за оваа и за секоја наредна Влада во однос на прашањето за името, затоа што во неа има многу значајни работи. Говорејќи за одбиените од Судот пет барања од страна на Грција како контрааргументи за повреда на Времената спогодба од страна на Македонија, таа констатира дека е многу значаен аргументот за тоа дека резолуцијата 817 не не попречува да се именуваме со уставното име во меѓународните организации.

- Овој аргумент на Судот што може да се најде во пресудата може понатаму да се искористи во преговорите во однос на барањето на Грција за „ерга омнес“ употреба на нашето име, смета Лозановска.

Според Димитар Мирчев, од исклучително значење е сега Македонија да истакнува дека била под притисок на неправно однесување на нашиот јужен сосед, а тоа ни нанело, подвлече, големи политички и материјални штети и не ставало во нерамноправен однос во водењето на разговорите за надминувањето на разликите за името.

- Со една наша  проактивна дипломатска и надворешно политичка активност треба да се анулираат нус продуктите кои ги наметна со својата моќ и политичка позиција Грција, директно или преку заедничката надворешно-безбедносна политика на ЕУ, рече Мирчев. Тој порача дека ни претстои многу сериозна дипломатска активност и кон ЕУ, во ОН и кон НАТО.

За Ристо Никовски, пресудата е блескава дипломатска победа, но клучно е да се разговара што понатаму.  Тој, како што подвлече, не се согласува со согледувањата дека нашиот противник е Грција.

- Зад ова што се случува, поддршката, партнерството, интересите кои стојат зад Грција се многу подлабоки и пошироки отколку можеби тоа што нас на прв поглед ни изгледа. Од 2008 година по Букурешт овој проблем веќе не го менаџира Нимиц, како медијатор на ОН, туку тој е преземен од Вашингтон и од Брисел, поточно НАТО и ЕУ. Нимиц нема можности да поставува блокади, ниту да уценува. Затоа тој центар на моќта е префрлен и Нимиц е маргинализиран и така ќе остане, се додека не ни наметнат решение, нагласи Никовски, додавајќи оти пресудата е посилна, рече, шлаканица за НАТО и за ЕУ, отколку за Грција. Смета, меѓу другото, дека преку директна комуникација со генералниот секретар на НАТО треба да се бара преиспитување на заклучокот од Самитот во Букурешт бидејќи, истакна, судски е докажано оти постапката не била регуларна.

Слободан Чашуле, поранешен шеф на дипломатијата, оцени дека спорот со Грција за името ќе трае, а пресудата треба во детали да биде проучена затоа што во неа се кријат многу аспекти со чија темелна разработка можат да ни донесат дополнителни позитивни елементи. Според него, исклучително е интересно тоа што стои дека Република Македонија има суверено право да го користи своето уставно име секаде, а со времената спогодба е само обврзана да биде примена во меѓународните организации со привремената референца, се до изнаоѓање взаемно прифатливо решение.

Звонимир Јанкулоски, правник по вокација, потенцира дека пресудата е брана пред хипокризијата во меѓународните односи и се она што се случува околу прашањето, односно разликите за името со Грција. 

- Ние немаме проблем во контекст на она што ни се случува со името, надвор, ние имаме проблем внатре во Република Македонија. Проблемот извира од она што значи недефинирани национални позиции за разликите за името. Имавме дефанзивна надворешна политика, изјави Јанкулоски, со апел дека не треба да се бара правда во меѓународните односи затоа што немало и нема да има, односите се положени на интерес и сила.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...