Петкоски да си поднесе оставка

ако се утврди дека постапувал надвор од ингеренциите

Скопје, 22 декември 2011 (МИА) - Убедена сум дека Собранието сериозно ќе ја разгледа Информацијата која денеска беше изгласана од страна на Тито Петковски, Тања Томиќ и Орхан Ибраими и ќе донесе соодветна одлука, стои во писмената изјава од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска по денешната седница на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи и од Министерството за одбрана.

- Доколку Собранието, како и Судот, одлучи дека посебните истражни мерки се применети согласно законот, а сите докази во рамки на операцијата „Кампања“ се валидни, очекувам Петковски да се извини за сите клевети и навреди кон полициските службеници дека тие незаконски го прислушувале осудениот и други лица кои биле во контакт со него, истакнува Јанкулоска.

Очекувам, вели министерката Јанкулоска, Петковски да си поднесе оставка поради злоупотребата на функцијата пратеник и претседател на собраниска комисија заради лична промоција, доколку се утврди дека постапувал надвор од ингеренциите.

МВР, потсетува во писмената изјава Јанкулоска, досега во безброј наврати му одговори на Петковски и останува на ставот дека во случајот кампања не е употребено прислушувањето како посебна истражна мерка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...