Киро Глигоров погребан во Алејата на великаните

Скопје, 3 јануари 2012 (МИА) - Киро Глигоров, првиот претседател на независна Република Македонија, погребен е денеска во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел.

Од Глигоров во капелата се простија претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, началникот на ГШ на АРМ Горанчо Котески, претставници на дипломатскиот кор, високи актуелни и поранешни политички и јавни личности, академици, претставници на Сојузот на борците и на други невладини организации.

Согласно неговата последна желба, одржана е граѓанска погребна церемонија без државнички и црковни почести. Во поворката која го испрати до неговото вечно почивалиште беа неговото најтесно семејство, роднини и пријатели, соработници, претставници и пратеници од СДСМ предводени од лидерот на партијата Бранко Црвенковски, како и претставници на други политички партии.

Претходно, се одржаа комеморации во Собранието на Република Македонија и во седиштето на СДСМ.

Во претседателската вила „Водно“ е отворена книга на жалост во која први се запишаа претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и претседателот на Владата Никола Груевски.

Книгата на жалост во вила „Водно“ е отворена за сите граѓани вечер до 20 часот и утре од 8 до 12 часот. Книги на жалост се отворени и во народните канцеларии на претседателот на Република Македонија во Скопје и Тетово

По повод смртта на првиот претседател на самостојна Македонија Киро Глигоров, телеграми со сочувство упатија голем број странски државници, како и државниот секретар на САД Хилари Клинтон.

Киро Глигоров почина на 1 јануари во Скопје во својот дом на 94-годишна возраст. По пензионирањето беше активен како публицист. Глигоров е автор на неколку дела, главно пишувани по завршувањето на неговиот мандат како претседател - „Македонија е сè што имаме“ (2001), „Атентат - ден потоа“ (2002), „Виорни времиња: Република Македонија реалност на Балканот“ (2004) и „Сите југословенски (стопански) реформи“ (2006). Тој е основач и на фондацијата „Киро Глигоров“.

Беше најстариот македонски политички функционер. На 17 ноември 1999 година, кога заврши неговиот втор претседателски мандат, тој имаше 82 години, а во 2000 година Гинисовата книга на рекорди го забележа Глигоров како најстар претседател на држава во светот.

Во 1991 година ја предводеше Македонија која по мирен пат се осамостои од дотогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија во која Глигоров извршуваше високи државни функции. На 8 април 1993 година Глигоров првпат се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации кога Република Македонија стана 181. членка на ОН.

На 3 октомври 1995 година во 9 часот и 50 минути преживеа атентат со автомобил-бомба поставен на улицата Македонија во непосредна близина на хотелот „Бристол“. Се уште не се познати ниту нарачателите ниту извршителите на атентатот. 

Во 2005 година стана прв носител на „Орденот на Република Македонија“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Маж и жена, кои порано никогаш не се виделе, се нашле заедно во воз. Се стемнило и си легнале. Мажот легнал на горниот кревет, а жената на долниот. Сред ноќ мажот се наведнал кон...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1289.- Основана е инквизицијата, суд на...
1521.- Под команда на султанот Сулејман Втори,...
1619.- Роден е Жан Батист Колбер, француски...
1632.- Роден е англискиот филозоф Џон Лок. Како...