Заврши судењето за убиството на Нешковски, пресудата в понеделник

Скопје, 9 јануари 2012 (МИА) - Во Основниот суд Скопје 1 денеска се одржаа завршните зборови во судскиот процес за убиството на Мартин Нешковски за кое е обвинет Игор Спасов, припадник на специјалната единица „Тигри“.

Во завршниот збор пред Судот, Спасов истакна дека ако бараат обвинет за убиството на Нешковски тој е пред нив, но доколку ја бараат вистината да не гледаат во него.

- Барам прошка од моето семејство и се надевам дека некогаш ќе ги сфатат моите постапки зашто ова го правам за да ги заштитам. Можам слободно во очи да му погледнам и на семејството на Мартин Нешковски зашто јас не го убив нивниот син, рече Спасов.

На тврдењата на Спасов дека не е виновен, реагираше мајката на Мартин, барајќи од него да каже кој е убиецот.

Спасов повтори дека не го убил Нешковски и оти друг е убиецот, нагласувајќи дека детето е убиено со директен удар со глава во носот.

- Ова е најмногу што можам да кажам. И јас имам семејство и две мали деца и ве молам да ме разберете. Со ова не сакам да се амнестирам од одговорност, додаде Спасов.

Тврдејќи дека не е виновен тој посочи дека Судот никогаш не проверил дали можеби некој друг му го задал фаталниот удар на Нешковски, ноќта на плоштадот „Македонија“.

Обвинителот во своите завршни зборови побара Спасов да биде осуден за убиство, бидејќи било докажано дека тој е виновен и оти за време на убиството не бил службено ангажиран. И застапникот на семејството Нешковски побара Спасов да биде осуден за убиство, но тврдеше дека тој тоа го сторил на свиреп начин за што минималната казна е 10 години затвор.

Адвокатот на Спасов, пак, во завршните зборови побара тој да биде ослободен од обвинение. Изрекувањето на пресудата се очекува да биде донесена во понеделник.

Спасов на денешното рочиште се појави потстрижен и избричен, каков што беше кога беше уапсен во јуни минатата година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...