Нема други вмешани во смртта на Нешковски

Скопското јавно обвинителство ја отфрли кривичната пријава против двајцата полицајци што ја поднесе семејството на Мартин Нешковски. Според скопското обвинителство нема докази дека има други вмешани лица во смртта на Нешковски, за која е осомничен припадникот на специјалната единица “Тигри“, Игор Спасов.

Семејството на 22-годишното момче поднесе кривична пријава против двајцата полицајци кои ноќта на 5-ти јуни биле на службена должност на плоштадот “Македонија“ и непосредно пред смртта разговарале со Мартин. Скопското обвинителство ја отфрли пријавата поради немање докази дека има и други лица поврзани со смртта на младото момче.

Семејството на Мартин е незадоволно од ваквата одлука.

Во понеделникот осомничениот Спасов ги даде завршните зборови во судот.

“Доколку сакате обвинет за убиство, стојам пред вас. Но, доколку ја сакате вистината не гледајте во мене“, рече Спасов пред судот.

Тој, исто така, рече и дека бил работно ангажиран да го обезбедува премиерот, а Нешковски се обидувал да му се доближи па затоа го бркал за да го приведе. Потоа Нешковски паднал и повеќе не давал знаци на живот.

Во завршните зборови, обвинителот побара Спасов да одговара за убиство, додека пак адвокатот на семејството Нешковски рече дека од доказите и сведоците се утврдило дека тој имал намера да го стори делото и затоа побара да одговара за убиство со умисла.

Пресудата ќе биде изречена в понеделник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...