Очекуваме доживотна затворска казна за Спасов!

Александар, братот на покојниот Мартин Нешкоски, кој почина по претепувањето на скопскиот плоштад „Македонија“ на 6 јуни минатата година, за порталот Плусинфо со став дека очекува доживотна затворска казна за специјалецот Игор Спасов.

- Полицајците наместо да собираат докази, крајно некоректно се однесувале, па дури и ги заташкале, ги уништиле доказите. Поднесовме пријава против двајцата униформирани полицајци кои први пристигнале на местото каде бил повреден Мартин, но и против непознато лице, а обвинителство ја одби кривичната пријава, изјавил Александар Нешкоски по одлуката на Јавното обвинителство со која специјалецот Игор Спасов останува единствениот осомничен за убиството на дваесет и двегодишниот Мартин.

Тој прашан за тоа каква пресуда може да се очекува за специјалецот Спасов в понеделник, истакна дека очекуваат преквалификација на делото и доживотна затворска за Игор Спасов. Како и досега, семејството Нешкоски и денеска јавно не ја соопшти сумата која ќе ја побара како оштета за загубениот живот на Мартин, па во тој контекст Александар тврди дека е беспредметно и неблагодарно да се побара било каква сума.

- Сите што досега ме прашаа колкава ќе биде оштетата им реков дали можат да си го проценат својот син или брат, колкава оштета да побараат за неговиот прерано згаснат живот? Беспредметно и неблагодарно е да се зборува сега за тоа, единствено што сега сакаме е правдата да биде задоволена и виновниците за смртта на Мартин да си ја добијат заслужената казна, рече Нешкоски.

Обвинителството вчера одлучи дека нема други вмешани лица во убиството на Мартин Нешкоски и кривичната пријава против непознати лица што ја поднесе семејството на Мартин беше одбиена. Таквата одлука била донесена бидејќи немало доволно докази за да се покрене кривична пријава против други лица кои што биле вмешани во убиството на момчето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...