Нимиц се сретна со Јолевски и Василакис, денеска нова средба

Њујорк, 17 јануари 2012 (МИА) - Посредникот на ОН во процесот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц синоќа во Њујорк имаше одвоени средби со претставниците на двете земји Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.

Грчките медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори во ОН, јавија дека Нимиц ја разгледува можноста во февруари да ги посети Скопје и Атина.

Амбасадорот Василакис, како што пренесува агенцијата АНА-МПА, по средбата изјавил дека разговорите биле корисни и оти Грција ги поддржува напорите на Нимиц за активирање на процесот што се води под покровителство на ОН.

- Грција постојано се залага за изнаоѓање заедничко прифатливо решение според јасните позиции поставени од нејзината Влада. Грција учествува во процесот со конструктивни позиции и го очекува исто и од Владата во Скопје. Обвинувањата и нападите не придонесуваат и не се во интерес на ниту една страна. Она што е потребно е политичка волја од двете страни, на што Атина е подготвена, изјави Василакис.

Тој негира дека на средбата со Нимиц станало збор за пресудата на Меѓународниот суд во Хаг во корист на Македонија.

- Судската одлука не влијае и нема врска со преговарачкиот процес во ОН. Судот ги повика двете страни да се ангажираат во преговорите со добра волја, за да се дојде до решение. Токму тоа е заклучокот што го постигнавме со медијаторот Нимиц, односно оти двете страни мора да останат посветени на процесот, рече Василакис.

Амбасадорот Јолевски по средбата не даде изјава за медиумите, но како што најави претходно, на Нимиц ќе му ги пренесе ставот дека Македонија останува конструктивно да учествува во процесот за изнаоѓање решение кое нема да задира во идентитетот и достоинството на македонскиот народ.

Предвидено е Метју Нимиц денеска повторно да се сретне со амбасадорите Јолевски и Василакис. Засега нема најава за евентуална заедничка средба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...