Нимиц реши наскоро да ги посети Скопје и Атина

Њујорк, 17 јануари 2012 (МИА) - Посредникот на ОН во процесот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц разговорите на одвоените средби со претставниците на двете земји Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис кои вчера и денеска се одржаа во Њујорк ги оцени како конструктивни и најави наскоро посета на Скопје и Атина.

- На мое барање се сретнав со секој од претставниците посебно во повеќе наврати. Двете страни ги презентираа моменталните позиции за прашањето за името на своите влади. Нашите дискусии беа корисни и фокусирани на изнаоѓање оптимална можност за придвижување на процесот напред на конструктивен начин. Ми беа дадени цврсти уверувања дека секоја Влада е искрена во нејзиниот интерес за изнаоѓање решение и дека тие целосно го почитуваат процесот во рамки на Обединети нации, се вели во писмената изјава од Нимиц дистрибуирана од прес службата на ОН.

- Имајќи ги предвид овие залагања ќе се консултирам во иднина со двајцата претставници во врска со подготовка на посета на главните градови на двете земји за продолжување на дискусиите. Како што се придвижуваме напред, побарав од страните да ја покажат нивната посветеност за надминување на разликите со промовирање позитивна атмосфера преку нивните активности и јавни изјави, се вели во соопштението.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...