Грција ја блокира Македонија од митолошки причини

Талин, 9 февруари 2012 (МИА) - Членството на Македонија во НАТО и ЕУ е попречувано од Грција од митолошки причини, рече министерот за надворешни работи Никола Попоски на денешното предавање во естонското Министерство за надворешни работи на тема „Македонија на патот кон ЕУ и НАТО: чукање на отворена врата“, јави известувачот на МИА.

- Во раните 90-ти години Грција реагираше на името Македонија со образложение дека нејзин регион го носи истото име што може да подразбира територијални претензии. Дваесет години подоцна се гледа дека тие претпоставки се неодржливи бидејќи денес е можна само инвазија на 500 илјади македонски туристи на грчките мориња. Каква подобра гаранција и е потребна на Грција од членството на Македонија во НАТО кога земјата ќе биде опколена со земји членки на Алијансата, а сите заедно ќе бидат под безбедносниот чадор, рече Попоски на предавањето организирано од Институтот за надворешни работи на кое присуствуваа и повеќе амбасадори на европски земји во Талин.

Мораме да се вратиме на суштината, истакна Попоски, посочувајќи оти балтичките земји ги надминаа меѓусебните разлики поради заедничкиот бенефит за целиот регион, а тој пример треба да го следи и Балканот.

- Македонија ги исполни сите обврски за членство во НАТО, при што половина од буџетот за одбрана е за потребите на НАТО мисиите. Ние сме меѓу земјите кои се најголеми контрибутори по глава жител, во Парламентот едногласно носиме одлуки за испраќање луѓе во мисии и даваме пари за нивната обука. Но, не видовме затворање на тоа поглавје, а тоа е членството во НАТО. Истото важи и за ЕУ перспективата бидејќи почива на принципот строго, но праведно. Строго во смисла дека се потребни исполнувања на критериумите, а праведно дека кога тие критериуми ќе се исполнат ќе дојде и членството во ЕУ. Но, ние тоа не го видовме поради Грција, и сите се надеваме дека Македонија ќе биде следната успешна приказна за бенефит на целиот Балкан, рече шефот на македонската дипломатија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...