Нема опасност од поплави

Скопје, 16 февруари 2012 (МИА) - Не се очекуваат поплави, преливање на реките, природните езера и акумулациите, поради најавениот пораст на температурите и топењето на снегот. Во меѓувреме продолжува доставувањето неопходни намирници до завеаните села и расчистувањето на патните правци.

Ова е заклучено на редовниот состанок на Координативното тело за справување со состојбите кои произлегоа од обилните снежни врнежи, на кој меѓу другото е разгледана хидролошката состојба на реките и природните езера.

- Во вторник се очекува да падне снег во мали количини, но ние тековно ја следиме  ситуацијата. Информирани сме дека нивоата на сите акумулации низ државата, езерата и реките се во минимална квота и според климатските услови во Македонија и според сегашната ситуација не се очекуваат поплави, информираше министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаќим Адеми на денешната прес-конференција.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески рече дека во однос на дотурот на намирници во завеаните места, од 8 февруари дистрибуирана е храна во 66 населени места во 17 општини, по претходни барања од граѓаните.

- Притоа, дистрибуирани се 1.709 литри масло, 10.610 килограми брашно, 3.450 килограми јачмен, 1.350 килограми пченка, неколку пакети лекови и хигиенски средства. Координативното тело постојано работи на расчистување на патните правци. Во текот на денешниот ден активирани се околу 40 градежни машини кои работат на расчистување на снегот, информираше Јанакиески, посочувајќи дека од 8 февруари интервенирано е на 114 локални патни правци.

Министерствата за внатрешни работи и за одбрана со своите сили, рече министерот, интервенирале во пет општини каде што имало стари, изнемоштени или болни лица. Тој истакна дека кога временските услови ќе овозможат летови на хеликоптерите ќе биде извршен дотур на храна во отсечените места, но тоа нема да биде можно во текот на денешниот ден, туку во наредните, кога се очекува затоплување на времето и подобрување на условите.

- Во сите непроодни места во текот на денешниот ден нема да може да се дистрибуира храна. Се очекува утре да се подобрат климатските услови и да се изврши дотур на храна, додаде Јанакиески.

Во селото Јабланица едно лице е во потешка состојба со проблеми на белодробниот систем, информираше министерот, но поради тоа што е неопходно да се пренесува во лежечка состојба, одлучено е да остане во селото, а укажана му е интервентна помош од доктор.

- Ситуацијата постојано се следи и доколку се овозможат услови утре Јабланица ќе биде првото село каде што ќе се направи дотур на храна и лекови, а паралелно се чисти и локалниот пат, потенцираше Јанакиески, според кого многу е важно што состојбата на терен постојано се следи и онаму каде е алармантно се настапува со хеликоптери.

Министерот тврди дека надлежните го даваат максимумот, задоволен е од досегашното расчистување на локалните и регионални патни правци, иако, како што рече, секогаш може подобро.

Дирекцијата за заштита и спасување, истакна директорот Шабан Салиу, презема соодветни мерки, ангажирајќи машини за чистење на снегот во сите делови од земјата.

- Очекуваме во текот на денот струшко- охридскиот регион поинтензивно да се чисти и да се подобри состојбата, а на лицата кои се отсечени во овој дел сигурно дека ќе им се помогне, рече Салиу, одговарајќи на новинарско прашање во однос на чистењето на овој регион.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...