Нимиц се сретна со Попоски

Скопје, 20 февруари 2012 (МИА) - Посредникот на ОН во македонско-грчките разговори за прашањето за името Метју Нимиц попладнево во Скопје се сретна со министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Нимиц по едночасовните разговори со шефот на македонската дипломатија не даде изјава за медиумите. Во соопштението од МНР издадено по средбата се вели дека разговорите биле во насока на надминување на разликите за спорот со Република Грција. Попоски го реафирмира интересот на Република Македонија за скорешен прием во НАТО и во ЕУ. Ја повтори посветеноста на Република Македонија во разговорите за изнаоѓање прифатливо решение со цел придвижување на интегративниот процес. Притоа, министерот Попоски уште еднаш се осврна на значењето на Пресудата на Меѓународниот суд во Хаг во однос на прекршувањето на Времената спогодба, се наведува во соопштението од МНР.

Метју Нимиц попладнево треба да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски.

Медијаторот на ОН утре од Скопје ќе замине за Атина каде што во среда треба да има средби и со грчки државни претставници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Изгледа твојата жена обожава да носи чудни шешири?
-Немам поим. Меѓутоа последен пат на шеширот имаше толку цвеќе што три погребни поворки ја следеа до дома
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама со...
1621-. Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен,...
1709.- Руската војска под водство на царот Петар...
1809.- Во Крапина е роден Људевит Гај, голем...