Извештај за смртта на Трајковски во владина процедура, па кај јавниот обвинител

Најновиот извештај што ги анализира фактите во врска со падот на кингерот, при што животот го загубија претседателот Борис Трајковски и членови на неговиот кабинет, дефинитивно влегува во владина процедура, дознава Нетпрес.

Извештајот е изработен на барање на Владата на Република Македонија, а со неговата изработка е започнато пред неколку години. Владата ја финансирала целокупната истрага која беше потребна за да се изработи извештајот и ургирала кај босанските власти за дополнителни информации.

Јавноста беше информирана дека при посетата на Сараево во 2010 година премиерот Груевски лично побарал од тогашниот босански премиер Никола Шпириќ да се заложи за поголема отвореност на босанските надлежни органи за соработка.

“Овој извештај е нов и досега не се објавени детали од него во јавноста”, вели нашиот извор кој е добро запознаен со процесот.

Според него, во изработката на извештајот се вклучени група специјалисти и експерти кои имаа за задача да направат дополнителна истрага на фактите и клучните моменти, имајќи ја во предвид дилемата во јавноста околу овој случај и многуте отворени прашања од времето помеѓу 2004 и 2006 година.

Кон крајот на минатиот месец шефот на работната група која го изготвува извештајот имал средба во Владата. Експертот информирал за најновите моменти во истрагата и дека извештајот е изработен, додава нашиот извор. Од него било побарано извештајот да биде подготвен во официјална форма потребна за влез во владина процедура, што во меѓувреме е сторено.

Прашани за коментар на ова сознание од Владата кратко одговорија дека “таков материјал е примен и ќе биде процесуиран.”

Процедурата опфаќа разгледување на материјалот на комисиските расправи и потоа неговото разгледување ќе се најде на седница на влада.

Изворот кој го консултиравме за став по однос на прашањето што по разгледувањето на извештајот од страна на Владата вели:

“Обично по разгледување на владина седница, целокупниот материјал од извештајот се испраќа кај јавниот обвинител. Обвинителот треба да оцени дали новите моменти се доволни за отворање нова истрага и против кого“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...