Mинистерoт Бесими во посета на Косово

Скопје, 21 февруари 2012 (МИА) – Министерот за одбрана Фатмир Бесими денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Косово. Посетата на Приштина, првично планирана за 13 февруари, беше одложена поради лошите временски услови.

Бесими ќе се сретне со министерот на Косовските безбедносни сили (КБС) Агим Чеку, со командантот на КБС генерал потполковник Кадри Кастрати и со вицепремиерот на Косово Хајредин Кучи.

Преку оваа посета се очекува да се потврди заложбата на двете министерства да продолжат и понатаму да соработуваат, како на билатерално ниво, така и во рамки на регионалните иницијативи.

За време на посетата е предвидено потпишување План за билатерална соработка за 2012 година, со кој се утврдени можностите за користење на македонските расположливи капацитети: Полигонот Криволак, Регионалниот тренинг центар за комуникации и Воено медицинскиот центар, како и школување на питомци од Косово на Воената Академија во Скопје.

Од приоритетно значење на Министерството за одбрана на Република Македонија е постигнување целосно отворен дијалог и добрососедски односи со Република Косово, како и постигнување високо ниво на соработка во областа на одбраната и безбедноста на двете земји.

Министерот Бесими, како што соопшти Министерството за одбрана, ќе истакне дека развојот и одржувањето на регионалните капацитети треба да се базира на концептот на  „смарт дефенсе“ (паметна одбрана), со цел здружување и споделување на одбранбените и безбедносни средства.

Македонскиот министер за одбрана ќе го посети и Центарот за универзитетски студии на Косовските безбедносни сили во Командата на копнената војска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...