Вељаноски ја почнува официјалната посета на Австралија

Мелбурн, 27 февруари  (МИА) - Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска ја почнува официјалната посета на Австралија со средба со спикерот на Парламентот на Викторија Кен Смит и со претседателот на Горниот дом Брус Аткинсон.

Се очекува на средбата да стане збор за продлабочување на односите на парламентарно ниво меѓу двете земји.

Според агендата, Вељаноски ќе има средба и со градоначалникот на Витсли, Стеван Козневски. Предвидено е претседателот на македонското Собрание да се сретне со претставници на Советот на македонската заедница од Викторија, како и со членови на Австралиско-македонскиот комитет за човекови права кои успешно ја завршија кампањата за лобирање кај австралиската Влада да го повлече терминот „славомакедонски“ од официјална употреба и да го користи „македонски“.

Во рамки на посетата, Вељаноски утре во Мелбурн ќе има работен ручек што во негова чест го приредува пратеникот Ендру Елсбери, иницијатор за формирање Група за соработка со Република Македонија, а ќе ја посети и Националната галерија на Викторија.
Во состав на собраниската делегација се и пратениците Илија Димовски, Милорад Додевски, Цветанка Иванова и Џевад Адеми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...