Полицаец застрела две лица

Скопје, 28 февруари 2012 (МИА) - Во Гостивар попладнево околу 13 часот во близина на кејот на реката Вардар се случи инцидент во кој животот го загубија две лица од градот на возраст на 26 и 29 години.

Според досегашните информации од МВР, до убиството дошло по вербална расправија која настанала околу паркинг место на кое осомничениот Јаким Трифуновски (39) сакал да го паркира своето приватно возило со кое претходно од училиште ја земал својата ќерка.

- Веднаш по вербалната расправија околу паркинг местото дошло и до физичка пресметка во која според досегашните информации, односно од изјавата на осомничениот тој бил нападнат од страна на четири лица и за да се одбрани, според неговото кажување, испукал два куршуми во воздух, а потоа пукал кон напаѓачите. Од испуканите истрели погодил две лица кои биле ранети и префрлени во Медицинскиот центар-Гостивар каде им подлегнале на повредите, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на МВР Иво Котевски.

По инцидентот, во полиција се врши разговор со осомничениот, а крим-техничари се излезени на место на несреќата каде вршат увид. Покрај нив, инволвиран е и Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди.

- Заради обезбедување дополнителни информации со оглед на фактот дека осомничениот е полициски службеник вработен во полициската станица за обезбедување на државната граница Маздрача, првичните информации велат дека осомничениот не бил на должност, односно бил во цивилна облека со цивилно возило ја земал ќерка си од училиште со намера да ја однесе дома. Од тоа што првично е утврдено од увидот дефинитивно е пукано од службениот пиштол кој го поседувал осомничениот, рече Котевски.

Се работи на целосно документирање на случајот, информираше Котевски, а по завршување на истрагата осомничениот со кривична пријава за кривично дело „убиство“ ќе биде изнесен пред надлежен истражен судија.
На прашањето дали лицата се познавале меѓу себе, Котевски одговори дека во моментов нема информација, но причина за двојното убиство е вербалната расправија која настанала заради паркинг простор.

- Според податоците со кои во моментов располагаме, во непосредна близина живееле и четирите лица  кои учествувале во вербалната расправија, која набрзо прераснала во физичка пресметка, додаде Котевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...