Протести во Гостивар и Тетово по двојното убиство

Гостивар / Тетово, 1 март 2012 (МИА) -  Во Гостивар денеска се одржа протест по завчерашното убиство на двајца жители на градот извршено од полицаец. Протестниот марш почна пред зградата на гостиварскиот Основен суд и заврши со обраќање на организаторите на градскиот плоштад, кои се претставија како група граѓани.

Тие побараа извинување од портпаролот на МВР Иво Котевски зашто, како што рекоа, го правдал убиството, побараа реформи во полицијата и максимална казна за полицаецот што ги застрела гостиварците.

Од утринските часови по улиците на Гостивар беше забелживо засилено присутво на полицијата. Некои училишта не работеа во прва смена, а општинската администрација не работеше со странки, со образложение дека мерките се превенција од можни инциденти.

Советот на Општината одржа вонредна седница на која беше донесена одлука за осуда на инцидентот и парична помош за семејствата на загинатите.


Градоначланикот Руфи Османи го осуди двојното убиство и граѓаните ги повика да останат ладнокрвни на можни провокации.

- Ова е криминален акт како последица на националистичките политики на актуелната власт. И покрај трагедијата, ова не треба да влијае врз меѓуетничките односи, но надлежните институции треба да ја преземат одоговрноста, рече гостиварскиот градоначалник.

И во Тетово попладнево имаше краток протест, под мото „Стоп на насилството“, на кој членови на повеќе невладини организации пред  објектот на тетовската полиција го искажаа своето незадоволство од убиството во Гостивар.

- Намерата е да покажеме дека сме против насилство, убиства и полициска репресија. Сметаме оти ова не е изолиран случај и бараме сторителот на убиството што е можно побрзо да биде казнет за тоа, изјави Ваљон Куртиши од организацијата „Илирикум либертас“.

Претходно на прес-конференција во седиштето на Демократската партија на Албанците во Тетово, пратеникот од оваа партија и претседател на огранокот на ДПА во Гостивар, Газмен Алиу, побара интервенција од меѓународниот фактор. Според него,  врз Албанците се врши репресивна политика, а тоа, како што рече, може сериозно да ја загрози ситуацијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...