Средба Груевски - Пападимос во Брисел

Брисел, 1 март 2012 (МИА) - Председателот на Владата Никола Груевски попладнево на маргините  на Самитот на европските народни партии и на Самитот на Европската унија во Брисел имаше средба со неговиот грчки колега Лукас Пападимос.

Средбата е во функција на унапредување на дијалогот и развојот на добрососедските односи. Соговорниците разговараа за курсот на билатералните односи и разни аспекти на соработка меѓу двете земји. Во однос на прашањето за името, двете страни истакнаа посветеност за продолжување на разговорите во рамките  на процесот  на Обединетите нации во насока на изнаоѓање заемно прифатливо решение, информираа од владината делегација.

Средбата се одржа во Европскиот совет и е прва на премиерот  Груевски  со премиерот на преодната грчка влада Пападимос. Со неговиот претходник, Јоргос Папандреу, шефот на македонската влада последен пат се сретна во  јуни минатата година. Досега се остварени десет средби на високо ниво меѓу Скопје и Атина.

Денешната средба беше на иницијатива на Груевски, а локацијата ја избра Пападимос, бидејќи и двајцата се дојдени во Брисел на работни средби.

Официјална Атина подолго време се обидуваше да ја избегне средбата на високото ниво, со образложение дека има техничка Влада, која нема мандат за решавање на спорот за името.

На веб-страницата на Владата на Грција денеска беше наведено дека двајцата лидери изразиле политичка волја за продолжување на дијалогот за решавање на спорот. 

Во текот на денов премиерот Груевски имаше билатерални средби со премиерите на Унгарија - Виктор Орбан, Словенија - Јанез Јанша, Шведска -  Фредрик Реинфелт, Албанија - Сали Бериша и Летонија - Владис Домбровскис, како и со лидерите на десничарските партии на Хрватска и Украина. Теми на разговорите биле европските интеграции и односите меѓу земјите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...