Насилство во автобусите на ЈСП „Скопје“

Скопје, 8 март 2012 (МИА) - Во автобусите на ЈСП „Скопје“, на линиите бр. 57 и бр. 58/а2 вчера и денеска непознати сторители напаѓале патници. Полицијата трага по нив, а на повредените им е укажана лекарска помош, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во Кисела Вода вчеравечер околу 19.40 часот  на автобуската постојка на ул.  „Сава Ковачевиќ“  група помлади лица од 16 до 20 години влегле во автобусот бр.58а/2 и извршиле насилство над  Ш.С. (18), А.С. (18), Џ.А. (18), С.М. (18) од село Чифлик и врз К.С. (56) од село Сопиште.

Сторителите биле облечени во дуксери и имале капи на главите. Го искористиле  моментот кога автобусот бил застанат на станицата со  сите отворени врати,  влегле од средната и задната врата. Почнале да ги удираат наведените лица без претходно да им упатат какви било зборови. Притоа искршиле и еден од статичните прозорци на автобусот.


Поради телесни повреди на нападнатите веднаш им била укажана лекарска помош во Градската општа болница. Полициски службеници од СВР Скопје  разговарале со повредените лица, извршен е увид на местото на настанот. СВР Скопје презема мерки да ги најде сторителите.

Вториот инцидент се случил денеска 45 минути по полноќ на ул. „Цветан Димов“ на автобуската постојка спроти ТЦ „Чаирчанка“, во автобус бр. 57, додека  во него имало околу 20 патници.

Група непознати лица почнале насилнички да се однесуваат, откако возачот ги отворил вратите. Дел од нив се обиделе да влезат внатре и физички го нападнале П.Р. од Скопје, обидувајќи се да го извлечат надвор. Останатиот дел од групата со разни предмети и камења почнале да фрлаат по автобусот и оштетиле и искршиле повеќе стакла, во задниот дел на автобусот и на предното возачко стакло. Притоа се повредени уште двајца патници - К.Д. (23) и М.И.(20), кои добиле расеченици од стаклата.

Возачот В.Д. (37) ги затворил вратите и го придвижил автобусот, но  напаѓачите со сила отвориле една од вратите, влегле внатре и физички го нападнале, задавајќи му телесни повреди. Тој е хоспитализиран во Ургентниот центар. СВР Скопје презема мерки да ги најде напаѓачите. Против сторителите во двата инцидента ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...