Tепачите на тинејџерите пред „Ентернет“ активисти на ДПА, тврдат медиумиСкопје, 11 март 2012 (МИА) - Петмината насилници кои полиција ги уапси поради физички напад врз малолетници во интернет кафе во скопската населба Дебар маало се активисти и членови на Демократската партија на Албанците, објавија дел од медиумите.
Групата, составена од В.Ј. (17) од Глумово, И.С.(20) и Е.С. (19) од Крушопек, Е.В. (21) од Грчец и Р.А. (22) од Скопје вчера околу 17 часот без каква било причина ги нападнала А.Г. (16) и двајцата негови другари Д.Д. (17) и А.С. (17) пред интернет кафето „Ентернет“ на ул. „Орце Николов“.
Насилниците беа упасени од полицијата по нападот пред северната трибина на Градскиот стадион и Подоцна препознаени од нападнатите момчиња, информираат од полицијата.
Сите членови на групата, освен Е.С., имаат криминални досиеја. Пријавувани се за кражби, тешки кражби, разбојништва, насилства и друго.
|