Почнува пристапниот дијалог на високо ниво Македонија - ЕУ

Скопје, 15 март 2012 (МИА) - Република Македонија и Европската унија денеска во Скопје го почнуваат дијалогот на високо ниво со кој треба да им се даде нов импулс на реформите на патот на евроинтеграцијата на земјата.

Тимовите ќе ги предводат претседателот на Владата Никола Груевски и еврокомесарот за проширување Штефан Филе кои треба да ги отворат поглавјата 23 и 24 што се однесуваат на судството, администрацијата, медиумите, борбата против корупцијата и функционалната пазарна економија. Се очекува во разговорите заеднички да биде утврден акциски план со конкретни цели, активности и рокови, како и тела кои ќе бидат задолжени за нивно спроведување во петте посочени клучни области.

Според официјален Брисел, пристапниот дијалог на високо ниво не претставува замена за пристапните преговори туку има за цел да ја зајакне соработката меѓу ЕК и Владата на планот на реформите. 

- Нашата цел е да го поддржиме процесот на реформи, да внесеме нова динамика во него и да ги поттикнеме европските перспективи на земјата, изјави еврокомесарот Филе вчера пред заминувањето за Скопје од Стразбур каде што присуствуваше на пленарната дебата на Европараламентот за извештајот за напредокот на Македонија.

Вицепремиерот за европски интеграции Теута Арифи, вчера по средбата со новоименуваниот амбасадор на ЕУ во Македонија Аиво Орав оцени оти дијалогот од овој вид отвора нова страница во односите меѓу Република Македонија и Унијата и дава можност за унапредување на реформскиот процес во рамки на евроинтеграциите.

Амбасадорот Орав од своја страна истакна дека пристапниот дијалог на високо ниво е уникатна можност која очекува земјата максимално да ја искористи бидејќи евроинтеграцијата на Македонија е важна и за ЕУ. 

Пристапниот дијалог Брисел ќе го води паралелно со скринингот за Црна Гора, така што она што ќе го работи Македонија во наредниот период не се разликува од формален скрининг, кој следува по добивање датум за преговори.

Според извори на ЕУ, исполнувањето на задачите и испораката на добри резултати на Брисел во рамки на дијалогот за Македонија ќе значи подобрување на позицијата на државата. Тоа, велат, на ЕК ќе и даде дополнителни аргументи на самитот во декември да побара деблокада на македонската евроинтеграција. Се оценува дека, дијалог од овој вид е најдобро решение во моментов со оглед дека земјата од 2005 година е со кандидатски статус, а три години по ред добива препораки од ЕК и од Европарламентот за старт на пристапните преговори, но не и датум за нивно почнување.   Пречка за консензус по ова прашање и натаму останува блокадата од Грција поради спорот за името.

Еврокомесарот Филе покрај со премиерот Груевски денеска во Скопје ќе се сретне и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Теута Арифи, а ќе разговара и со претставници на опозицијата и на граѓанското општество.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...