Иднината на Македонија е во ЕУ

Скопје, 15 март 2012 (МИА) - Она што го започнуваме денеска е сеопфатен процес, активна политика на дијалог меѓу нас и е инклузивна рамка за реформите кои ќе бидат во корист за сите граѓани. Со овие зборови еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска во Скопје го отвори пристапниот дијалог на високо ниво меѓу ЕУ и Македонија, а со кој копретседава и премиерот Никола Груевски.



Тој потенцира дека Европската комисија е убедена дека иднината на Македонија е во Европската унија.

- Сакаме да работиме заедно со вас за вашето членство во ЕУ да стане реалност. Ве уверувам дека сум посветен на поддршка на вашиот реформски процес. Убеден сум дека вашата иднина е во ЕУ и дека заедно можеме да оствариме реален одржлив и видлив напредок во реформите и приближувањето кон ЕУ, рече Филе.

Премиерот Груевски од своја страна подвлече одека Владата има силна политичка волја да продолжи да испорачува резултати во реформите во сите области и оти се надева дека тоа ќе биде валоризирано во извештајот за напредокот на земјата за 2012 година.

- Уверен сум дека пристапниот дијалог на високо ниво ќе биде една корисна алатка за динамизирање на македонскиот пат за пристапување кон ЕУ и дека ќе даде поголема видливост на европската перспектива и припадност на Република Македонија, подвлече Груевски.

Тој посочи оти целта е почнување на пристапните преговори што е можно поскоро оваа година.

- Свесни сме дека тоа нема да се случи преку ноќ. Не чека обемна работа и затоа со овој дијалог ќе дадеме нов поттик на евроинтеграциите, не со цел да ги супституираме пристапните преговори, туку да ги искористиме како мост до преговорите кои неизбежно ќе дојдат, рече премиерот Груевски.

Петте клучни области кои заеднички се усогласени, а се прифатени со дијалогот на високо ниво, се владеење на правото, јавната администрација, слобода на медиумите, изборната легислатива и функционална пазарна економија. Покрај заеднички Акционен план, ќе бидат формирани работни групи, а ќе се организираат и експертски состаноци за петте клучни области.

На состанокот присуствуваа повеќе министри од Владата од ресорите во посочените серии од реформите, како и претставници на Делегацијата на Европската комисија во Скопје.

Еврокомесарот Штефан Филе денеска во Скопје ќе има средби со вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи, со лидери на политички партии, како и со претставници на граѓанското општество.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...