Средба Груевски-Филе

Скопје, 15 март 2012 (МИА) - Листа од шест заклучоци и анекс со конкретни обврски кои го дефинираат патоказот за начинот на нивното исполнување во петте клучни области - владеење на правото, реформа на јавната администрација, слобода на медиумите, реформа на изборната легислатива и функционална пазарна економија.

Тоа е резултатот кој произлезе од првата средба во рамки на дијалогот на високо ниво меѓу ЕУ и Република Македонија кој денеска во Скопје го отворија еврокомесарот за проширување Штефан Филе и премиерот Никола Груевски, чија главна цел е да се овозможи натамошен евроинтеграциски напредок на Македонија и нејзина подобра подготвеност за преговорите за членство.

Двајцата на заедничката прес-конференција по разговорите се согласија дека пристапниот дијалог на високо ниво е нова фаза во патот на Македонија кон ЕУ, мост кој неизбежно ќе води кон пристапните преговори со ЕУ.

- Фокусот на тој мост се реформите кои треба да ја помогнат модернизацијата на земјата што би ја довеле Македонија поблиску до Европската унија. Би сакал да го подвлечам и тоа што го видов кај премиерот, а тоа е чувството на посветеност на овие реформи и на агендата на дијалогот на високо ниво, рече еврокомесарот Филе кој повеќе пати ја употреби придавката „македонски“.

Премиерот Груевски потенцира оти пристапниот дијалог на високо ниво е нова платформа за соработка со Европската комисија која е значајна за Македонија и е со ограничено времетраење. Подвлече оти почетокот на преговорите за членство во Унијата останува примарна цел и заложба на Владата за што напорите ќе продолжат со цел тоа да се случи што е можно поскоро оваа година.

- Македонија и ЕК се партнери во еден историски потфат за нашата земја, а тоа е членството на земјата во Унијата. Тоа е предизвик за нашата генерација политичари за чие што спроведување сите посветено работиме без оглед на ирационалните пречки кои ни се поставуваат на патот. Затоа што членството на Унијата е добро за понатамошниот демократски и економски развој на земјата, за натамошна промоција за заштита на нашите вредности и култура. Тоа ќе биде добро и за Балканот и за ЕУ, посочи премиерот Груевски.

Одговарајќи на новинарско прашање еврокомесарот за проширување ја подвлече високата подготвеност од македонска страна за овој дијалог за кој суштински е разговарано уште во минатата година со претседателот на ЕК Жозе Баросо.

- Покрај листата на цели, денеска разговаравме и за еден обемен документ,  табела која претставува оперативна мапа за постигнување на овие цели. Владата се обврза оваа мапа да ја претвори во оперативен патоказ до средината на април. За мај очекувам дека резултатите од оваа работа ќе бидат споделени со нас, а ќе се разговара и за приоритетите за следниот период. Пристапниот дијалог на високо ниво треба да биде искористен токму за она за кое што е и замислен, а тоа е да се има политички дијалог на високо ниво, за развојот на вашата земја, за реформите и за проширувањето, рече Филе. 

Тој е дециден дека дијалогот на високо ниво е апсолутно потврда за напредокот на Македонија во процесот на евроинтеграциите, a тој став го дели и премиерот Груевски.

- Она што е важно за проширувањето е да се состават три важни агли на еден триаголник. Првиот е внатрешна политичка дебата и инклузивно учество во рамки на земјата, вториот се реформите, а третиот се соседите. Колку поцврсто работите на еден или два агли толку подобри услови создавате за останатите агли, смета Филе. 

Во однос на темите за кои станало збор на денешното отворање на дијалогот со учество и на ресорните министри, шефот на Владата подвлече оти станува збор за области за кои веќе се преземени конкретни активности. Во делот на медиумите тој го посочи воспоставениот дијалог со новинарите кој треба да овозможи баланс помеѓу слободата на медиумите и новинарската одговорност од кој се очекува да произлезат решенија во согласност со европските стандарди. Во делот на владеењето на правото и основните слободи вели дека реформите се доста напреднати, а утврдени се неколку мерки во насока на зајакнување на ефикасноста и независноста на судството. Во однос на изборните реформи посочи оти е веќе формиран Управен комитет на високо ниво, кој заедно со ОБСЕ/ОДИХР и ЕУ работи во насока на адресирање на забелешките од последните избори, а усогласени се и повеќе мерки во насока на зајакнување на пазарната економија.

Во рамки на пристапниот дијалог на крајот на овој месец ќе почне и техничкиот дијалог за поглавјата 23 и 24 од правото на ЕУ, а се однесуваат на правосудството и фундаменталните права, односно на правда, слобода и безбедност кои ќе бидат во фокусот на вниманието и на целиот пристапен процес. За останатите теми од пристапниот дијалог ќе се реализираат експертски состаноци во рамки на поткомитетите основани согласно Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

На средбите, како што изјави Филе, воопшто не станало збор за името. Во однос на медиумите, рече дека во анексот се дефинирани како цели декриминализација на клеветата, позитивно досие на резултати во однос на Советот за радиодифузија, како и важноста на професионалноста и етиката во работата на новинарите и медиумите, за што еврокомесарот ја пофали Владата за посветеноста на ова прашање, но и подготвеноста на ЕК преку ИПА фондовите да придонесе кон реформите.

Дијалогот на високо ниво ќе продолжи во мај, а потоа и во септември.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...