Попоски na средба со грчкиот колега Димас

Скопје, 22 март 2012 (МИА) - Министерот за надворешни работи Никола Попоски од денеска до недела ќе престојува во работна посета на Брисел.

Попоски на покана од високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика Кетрин Ештон ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати,  на маргините на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ.

Како што соопшти МНР, во рамки на посетата шефот на дипломатијата ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Грција Ставрос Димас, како и со министерот за надворешни работи на Кипар Ерато Козако-Маркулис, претседавач со Советот на Европската унија во периодот јуни-декември 2012 година. Предвидено е Попоски да оствари средба и со својот српски колега Вук Јеремиќ, како и со советникот во Европската служба за надворешна акција и олеснувач во дијалогот помеѓу Белград и Приштина Роберт Купер.

Министерот Попоски утре ќе учествува на церемонијата која по повод пристапувањето на Македонија во Механизмот и финансискиот инструмент за цивилна заштита на ЕУ ќе биде организирана од страна на Европската комисија. На церемонијата ќе учествуваат комесарот Кристалина Георгиева, одговорна за меѓународна соработка, хуманитарна помош и одговор на кризи, како и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу. Предвидено е министерот Попоски и комесарот Георгиева да одржат и билатерална средба на која ќе стане збор за соработката во областите од нејзина надлежност и за европската интеграција на Република Македонија воопшто.

Попоски ќе учествува и на „Бриселскиот форум“, годишен состанок на високо ниво на влијателни личности од политичката и деловната сфера од Европа и Северна Америка на кој се разгледуваат актуелните предизвици од двете страни на Атлантикот. Тој ќе биде говорник на сесијата посветена на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Балканот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...