Претселекција на филмови за Канскиот филмски фестивал

Скопје, 22 март 2012 (МИА) - Филмскиот фонд на Македонија утре ќе биде домаќин на претселекција на филмови од земјите од поранешна Југославија и од Албанија за Канскиот филмски фестивал, кој ќе се одржува од 16-ти до 27 мај. 

Францускиот претселектор Жоел Шапрон од UNIFRANCE, кој е меѓу најдобрите познавачи на источноевропски филмови, утре и задутре во Скопје ќе изгледа 28 филмови за да препорача некои од нив за селекција во Кан. 

Директорот на Фондот Дарко Башески на прес-конференција информираше дека од нив 11 се играни, два документарни, десет кратки и пет анимирани. По два филма има од Албанија, Босна и Херцеговина и од Словенија, четири се од Србија, шест од Хрватска и 12 од Македонија. Башески рече дека можно е бројот на македонски филмови да биде поголем.

Проекциите ќе бидат во кината „Фросина“ и „Милениум“ - каде што во паузата, во 13.30 часот,  Шапрон ќе има неформална средба со македонски филмски автори.

- Жоел Шапрон како претселектор нема право да избира, туку  препорачува. На фестивалот во Кан, како и во Берлин, се пријавуваат од 80.000 до 10.000 филмови и ниеден селектор не може да изгледа толку многу. Овие претселектори гледаат филмови во региони и препорачуваат филмови што се добри за да бидат изгледани за главната селекција или за некоја од програмите на фестивалот. Ова, на некој начин, е да се стигне полесно до главните селектори некој филм да биде препорачан, рече Башески.

Три играни македонски филмови ќе бидат понудени за Кан - новите „Балканот не е мртов“ на Александар Поповски и „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, како и „Војната заврши“ - на барање на режисерот Митко Панов. Башески рече дека филмот е од 2010, но не е официјално прикажан на меѓународни филмски фестивали, освен проекциите во Швајцарија и Косово. Додаде дека треба да му се даде можност на филмот да влезе на фестивалот зашто Панов во 1986 во  Кан доби „Златна палма“ за краток филм (Со кренати раце) иако тој бил стар седум години.

Од Македонија за претселекција ќе биде прикажани и документарниот „Шарски зраци“ на Арбен Тачи, кратките филмови „Бардо“ на Марија Апчевска, „Лице“ на Стефан Сидовски, „Човекот што имаше чудна навика да ме мава со чадор по глава“ од Вардан Тозија, „Материјал за аудиција“ на Ѓорче Ставрески, „Верувам во љубов“ на Игор Иванов-Изи и „Годините си го прават своето“ на Стојан Вујичиќ, како и кратките анимирани „Народен фронт“ на Иван Ивановски и „Алерик“ на Вук Митевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...