Средба на Попоски со неговиот британски колега Хејг

Лондон, 26 март 2012 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски денеска во престолнината на Велика Британија ќе се сретне со својот колега, државниот секретар за надворешни работи Вилијам Хејг.

На средбата во Лондон, ќе бидат разменети мислења околу развојот на билатералните односи и соработка меѓу двете земји, како и за соработката на меѓународен план.

Се очекува Попоски да ги претстави македонските позиции по пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг и евроатланските интеграциски процеси, јави известувачот на МИА.

Во рамки на работната посета шефот на дипломатијата денеска во Британскиот парламент ќе има средба со претседавачот на Пратеничката група за соработка со Македонија Карен Лумли, како и со претставници на комисиите во Горниот и Долниот дом за надворешни работи и за Европска Унија.

Вечер Попоски ќе се сретне со бројни претставници на македонската дијаспора во Велика Британија.

Министерот за надворешни работи Попоски за време на посетата утре ќе одржи предавање во Европскиот совет за надворешни односи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...